Дождот и снегот кои на места ги има изобилно, падот на температурата со доаѓањето на ноќта и темнината дополнително ги отежнуваат напорите на спасувачите во спасувачките операции во Туркије и Сирија.
Бројот на загинати во Туркије достигна 1.762, потврдија локалните власти. Повредени се најмалку 12.068 луѓе.
Бројот на загинати во Сирија се искачи на 1.293, а 3.411 лица се повредени.
Вкупниот број на загинати во Туркије и Сирија во моментов е 3.055.
Бројот на жртви продолжува да расте бидејќи илјадници луѓе се затрупани под урнатините на зградите. Светската здравствена организација соопшти дека очекува конечниот број на загинати да биде значително поголем.
Откако Туркије и Сирија ги погоди денеска земјотрес со интензитет од 7,8 степени, американските сеизмолози забележаа повеќе од 60 последователни потреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,5 степени.
Белата куќа соопшти дека наскоро се очекува телефонски разговор меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.