• Latest

Специјалниот пратеник во германската Влада, Мануел Сарацин денес на средби во македонското Собрание

May 17, 2023
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Специјалниот пратеник во германската Влада, Мануел Сарацин денес на средби во македонското Собрание

May 17, 2023 08:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин денеска во македонското Собрание ќе оствари средби со пратеници од повеќе политички партии.

Според најавите, Сарацин ќе се сретне со пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, а ќе оствари и посебна средба со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски. Предвидени се и  средби со лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и со лидерот на движењето Беса, Билал Касами.

Сарацин вчера оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски на која, како што информираа од Кабинетот на претседателот, станало збор за процесот на европските интеграции на земјава, состојбите во регионот на Западен Балкан и пошироко, како и за актуелните политички случувања во земјава.

Оствари средба и со вицепремиерот Артан Груби на која е разговарано за потребата од усвојување на уставните измени за да се продолжи евроинтегративниот пат, иницијативата на Европскиот фронт на владината коалиција, скрининг процесот, предизвиците и посветеноста за спроведувањето на реформите, борбата против криминалот и корупцијата. Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, ја искажале потребата од конструктивност за успех на овој процес од страна на сите протагонисти за креирање политики.

Tags: Мануел СарацинпратенициСобраниеспецијален пратеник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ