• Latest

Според растот на БДП, Македонија ќе биде последна на Западниот Балкан!

April 6, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Според растот на БДП, Македонија ќе биде последна на Западниот Балкан!

April 6, 2017 15:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според писменоста на своите граѓан(к)и, на листата од 70 земји во светот кои се опфатени со анализата на ПИСА – тестот за образование, Македонија е на 68 место. Тоа значи дека две третини од младите во земјава, на возраст од 15 години, имаат потешкотии со читање и разбирање и проблем со математички операции и природни науки.

Како што се наведува во последниот, пролетен извештај на Светска банка, овие млади луѓе, кога ќе се најдат на пазарот на труд, ќе можат да се вработат, пред сè, во јавниот сектор, бидејќи најмногу од субвенционираните вработувања од Владата се тука.
Друг поразителен податок за Македонија, објавен во извештајот, е дека Светската банка прогнозира дека од земјите во Западен Балкан, Македонија во 2017 година, според растот на БДП, ќе биде на последно место, со раст од 2,8 проценти!
Од Светската банка, која досега Македонија ја оценуваше како успешна приказна, оваа година велат дека не се запрени на време трошењата кои биле добри за време на економската криза.
„Дојдовме до точка кога имаме совет до властите во Македонија дека на среден рок мораат да почнат да преминуваат кон модел со поголем нагласок на инвестициите, а помал нагласок на тековните трошења и моделот на раст да се промени и повеќе да се потпира на инвестиции водени од приватниот сектор и растот да оди нагоре“, вели Екатерина Вострокнутова од Светска Банка, коавтор на извештајот.
„Дефицитот се намали главно како резултат на намалувањето на капиталните инвестиции, а со тоа, уделот на истите во вкупното трошење на Владата се намали и сега е под 10 отсто од вкупните тошења. За сметка на тоа, се згоемија тековните трошењата посебно трошењата за пензиите кои достигнаа скоро 30 отсто од вкупните трошења на Владата“, истакна Бојан Шимбов од Светска банка.
Според извештајот, за одржувањето на растот во земјите од Западен Балкан и за справувањето со тековните предизвици поврзани со невработеноста, земјите треба да продолжат по патот на реформите.

„Извештајот на Светска Банка потврдува зошто за економијата и за граѓаните е итно потребно да се овозможи избор на новата реформска Влада. И Светска банка како и другите меѓународни финансиски институции, псочува дека итно е потребна фискална консолидација и нормалзирање на нивото на јавен долг“, се вели во реакцијата на СДСМ, по  извештајот на Светската банка.

 

Tags: БДПданоциекономски развојобразованиепазар на трудПИСАписменостСветска банка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ