„Неусловената препорака за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија што Македонија ја доби од Европската Комисија е потврда за успешноста на реформскиот процес што Владата предводена од СДСМ го води во последните 10 месеци“, се вели во соопштението на СДСМ.
Според СДСМ позитивната оценка укажува дека Македонија повеќе не е категоризирана како заробена држава, туку како држава која преку започнатите реформи веќе е во друштво на напредните и развиени европски држави.
„Позитивниот извештај на Европската Комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија и нејзините граѓани“, велат од СДСМ
Исто така, останува ветувањето дека Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство ќе продолжат да ги спроведуваат зацртаните мерки иќе останат посветени на евроинтеграцискиот процес а Македонија.
Б.Ј.