Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, упати писмо до премиерот Мицкоски со кое бара корекција на некои предвидени владини мерки од Законот за нефер трговски практики усвоен уште пролетоска. Потоа, напиша второ писмо со кое практично го поништи првото. Премиерот наводно ќе чека да заврши месецов и да види дали фирмите од списокот ја исполниле обврската, но по дописот кој е упатен директно до него останува да се види, дали тој ќе ги прифати барањата од бизнисот, ќе го менува законот , и/или ќе се пролонгира неговата примена?
ЦИВИЛ Медиа го постави прашањето на денот на својата Фејсбук страница: Кој управува со државата, Мицкоски или крупниот бизнис, и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе ги споделат своите размислувања по ова прашање.
Повеќето од граѓаните сметаат дека со државата управува крупниот бизнис преку стопанската комора претставувана од нејзиниот претседател Бранко Азески. Ви пренесуваме дел од коментарите и пораките што ни стигнаа во инбокс.
Повеќето коментари се однесуваат на сликата на која Бранко Азески седи пред станатиот Мицкоски и не му ја прифаќа подадената рака за поздрав.
„Најпосле Азевски си најде човек кој ке му ги врши работите“
„Тој што вика седи ……“
„Тој што седи“
“Тој што седи,кабадахија! Постар е од Премиерот по години, но хиерархиски не.Да е воспитан, би потстанал од столица кога се поздравува.“
„Тој,тешко да стане од тој СТОЛ“
„Мафијашот што седи“
Потоа следуваат одговори во кои се спомнуваат олигарси, ЕУ и Америка, ВЛЕН, бизнис елити…
„Олигрси…енергетија…бизнис елити
„Се разбира, крупниот бизнис…“
„Крупниот бизнис.“
„Мицко незнај кај тера“
„Крупниот бизнис и ВЛЕН“
„Кој и да управува не ни е на арно“
„ЕУ и АМерика“
Имаше и неколку одговори со испратени слики и мемиња.