• Latest

Специјалци го чуваат Митревски, на синдикалците им е забранет влезот во ССМ!

January 9, 2017

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Специјалци го чуваат Митревски, на синдикалците им е забранет влезот во ССМ!

January 9, 2017 15:45
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата не им дозволува да влезат во зградата на претставниците на четирите гранкови синдикати кои од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги „избрка“, според нив, нелегитимниот претседател Живко Митревски. Стотина синдикалци од утринава протестираат пред ССМ, против одлуките на според нив, разрешениот претседател Митревски, кого го чуваат припадници на ЕБР.

В.д претседателот на ССМ, Дарко Димовски е зачуден зошто полицајците и специјалците не им дозволуваат да влезат во зградата во која се нивните работни простории.

„Полицијата е внатре, а ние сме надвор. Кого штитат? Му порачувам на Живко Митревски дека овој монтиран процес веќе заврши. Ако има некаков документ дека не е разрешен, нека го покаже, јас имам решение дека сум избран за претседател на ССМ. Ние сме тука и нема да се откажеме од нашите права“, изјави Димовски.

15942649_10209988138614030_1709702153_o

Состојбите во Сојузот на синдикати на Македонија почнаа да ескалираат откако претседателот Живко Митревски беше разрешен од должноста, со гласање на претставниците на гранковите синдикати – членки на ССМ. Потоа, Централниот регистер одбиваше да го впише новото раководство на чело со в.д. претседателот Дарко Димовски и покрај решението кое во тоа време го издаде Министерството за труд и социјала под раководоство на Фросина Ташевска Ременски. Но, во четвртокот, новиот министер од ДУИ го поништи решението, а ноќта кон Бадник, во пет наутро, приватно обезбедување изнајмено од Митревски влезе насилно во просториите на Синдикатот, ги избрка синдикалците кои со денови седеа во холот во зградата, а тројца заедно со Димовски завршија и во болница.

polizazi-protiv-sindikalzi

Иако новиот министер за труд и социјала го поништи решението за смена на Митревски, според четирите гранкови синдикати, кој ќе биде претседател на ССМ, не одредува Министерството, туку Советот на ССМ, и единствен легитимен претседател е Дарко Димовски:

„Ги повикуваме членовите на синдикатите, работниците и граѓаните кои се подготвени да ни дадат поддршка, да дојдат пред зградата на ССМ и да му кажат збогум на Митревски, да му покажат дека местото му е надвор од ССМ и дека власта нема да може уште долго да го држи на апарати и вештачки да го одржува во живот“, стои во соопштението на синдикалците со кое се повикуваат нивните поддржувачи напротест пред зградата на Работничкиот дом.

Текст и фото: Дехран Муратов

Tags: Живко МитревскиМакедонијасиндикатССМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ