• Latest
Студентите во Нови Сад, 1 февруари 2025 (скриншот од ФБ објава на Миѓен Келменди)

Србија, студентите и стиропорот!

February 2, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Србија, студентите и стиропорот!

February 2, 2025 16:46
in РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Студентите во Нови Сад, 1 февруари 2025 (скриншот од ФБ објава на Миѓен Келменди)

Студентите во Нови Сад, 1 февруари 2025 (скриншот од ФБ објава на Миѓен Келменди)

Share on FacebookShare on Twitter

МИЃЕН КЕЛМЕНДИ

Студентските протести во Србија, се едно од најзначајните случувања што актуелно се одвива во овој дел од Балканот. Храброста, граѓанственоста, решителноста и масовноста се потврда дека граѓаните на Србија, овој простор на злосторства и геноцид во XX век, простор потонат во автократија, злоупотреба на власта, слободата на медиумите и народните ресурси во XXI век, се кренаа на нозе да ја осведочат својата определба за цивилизациските вредности, граѓанството, демократијата, како и да го објават, и со бројка, неприфаќањето на владеење без полагање сметка.

Не можам, а да не ја видам оваа парабола на методите што белградските студенти ги одбрале за да му се спротивстават на владеењето на Вучиќ, со мирољубивите методи на Албанците во Косово во периодот на 80 – 90 години од минатиот век: граѓанскиот  марш низ градовите во Косово, во знак на солидарност со протестите на рударите и студентите од Приштина против политиките на Милошевиќ во 1989 г., онака како што студентите од Белград завчера тргнаа кон Нови Сад, во знак на солидарност против политиките и владеењето на Вучиќ; нивната определба за граѓанска непослушност е сосема иста како онаа на Албанците од Косово.

На Србија ѝ се случува „Косово“ – без Косово!

Политиките што српските автократи со комотност и воена супериорност ги применуваа кон Албанците во Косово, денес им се враќаат како бумеранг во Белград, Нови Сад, Ниш…

Кон студентите, непослушното граѓанство и мирните протести на Албанците, Милошевиќ одлучи да дејствува со насилство и ароганција. Но историјата е непредвидлива, те става пред истите предизвици, но со други улоги: ќе примени ли Вучиќ насилство над студентите и непослушните граѓани, мирољубиви како Албанците, денес кога тие не се Албанци, туку Срби?

Историјата ја донесе власта во Србија пред истата ситуација: да примени сила или не?

Србите имаат една позната поговорка: „Ко другоме јаму копа, сам у њу упада“.

А параболата среде граѓанското и еманципаторско движење во Косово, некаде педесеттина години порано, со сегашните обиди во Србија за граѓанство, еманципација и излез од паланечкиот менталитет, има уште една фрапантна сличност: стиропорот! При движењето на студентите од Белград кон Нови Сад, ним им беше понуден еден „албански изум“ за тешки случаи, кога ноќта треба да ја поминеш на ливада: стиропор!

За време на егзодусот на граѓаните на Приштина, во 1999 г., на просторот на Железничката станица, каде што требаше да се чека возот, а ноќта беше долга, снаодливите момчиња искршија еден магацин и најдоа стиропор, кој потоа граѓаните го употребија, за да ги заштитат семејствата од студот и влагата на ливадата. Сосема исто, како во Инѓија, така и во романот  „Вечера под бомби“ (Darka nder bomba).

Ништо не е пофантастично од реалноста!

Фрагмент од „Вечера под бомби“

Насловна страница на „Вечера под бомби“ (Darka nder bomba) во издание на UETPRESS Tirana, 2024

Албан не можеше да се смири и се вртеше наваму-натаму размислувајќи колку деца апатриди можеби се родиле на оваа ливада деновиве. Во тие мигови, некаде од десната страна на Железничката станица, се појавија некои бели табли на кои се прекршуваше месечевата светлина и се чинеа како нешто нереално. Многу бргу се разбра дека оние четворица клинци, врткајќи се горе-долу низ кампот, нашле некаков магазин кон крајот на ливадата, го искршиле и откриле внатре табли стиропор; беше констатирана  дебелината од 3cm и  димензиите од 1m X 50 cm, и почнаа да им ги делат на семејствата. Се створи неред натаму и не можеа сите да земат стиропор. Посилните и поснаодливите почнаа за да им постилаат најпрво на старците и на болните, но кога подоцна се увиде дека нема за сите, чувството за солидарност беше победено од инстинктот, па започнаа тие табли да ги кршат на помали парчиња, за да им ги поделат на семејствата. Во еден миг тие искршени парчиња стиропор што се послаа на сите страни на ливадата и на кои се прекршуваше светлината на занесната месечина, се чинеа како пената на брановите, на некое море вознемирено од ветровите на историјата и провидението. Единствениот кој го трансцендира тој момент и не беше преокупиран со утилитарноста на стиропорот, беше Албан.

„О убав Боже“, рече со половина глас, движејќи се во празно, за да може да ги долови и да ги вкуси тие монументални сцени, каде што месечината помамена од светлината, човечката драма растурена низ полето и расфрлениот стиропор ја создадоа таа алузија на растревожено и распенето море, тој театрален ефект на сцената на провидението, „Живот је леп“…

Само што седнаа врз нив, повторно сѐ се смири, онака како што морето се успокојува после бурата.


Превод од албански на македонски: Алида Муча

Објавено на албански во: Albania Post

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ