• Latest

Средина што овозможува-начело што не се почитува

March 21, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средина што овозможува-начело што не се почитува

March 21, 2018 12:33
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Човековите права и слободи како стандарди мора да се почитуваат и да се содржани во сите сфери на секојдневното човеково живеење во државата и таа треба да ги промовира и гарантира како нејзина основна обврска кон граѓаните. Државата е должна да обезбеди инструменти и механизми за нивна заштита, особено онаму каде што се најосетливи и најподложни на повреди.

Граѓанската повелба како глобална рамка за промоција на човековите права и слободи ги одразува универзално прифатените човекови права, слободи и начела, меѓу кои е и начелото за средина што овозможува. Според ова начело секоја влада усвојува законски, административни и други мерки за почитување, заштита, промовирање и исполнување на правата и слободите наведени во Повелбата и истражува напади врз поединци и организации со цел осомничените сторители да одговараат во согласност со меѓународните стандарди за правичност.

За непочитувањето на ова начело во Македонија, говорат многубројните ситуации и обиди да се попречат активностите на ЦИВИЛ на терен.

Па така, во 2016 тогашниот градоначалник на општина Кратово негативно одговори на барањето на ЦИВИЛ за поставување на инфо-штанд во центарот на Кратово, со образложение дека половина од јавната површина е зафатена со летни тераси, а останатиот дел е во функција на слободно движење на граѓаните. Со други зборови, поедноставено, во Кратово нема место за ЦИВИЛ.

Во 2015, пак, градоначалникот на Битола, Владо Талевски, му забрани на ЦИВИЛ да одржи настан во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“, уредно најавен во јавноста, како и во битолската полиција. Образложението на Талевски не можеше да биде поевтино. Наводно, просторот е зафатен од Битфест, кој започнува на 25 јуни. Тимот на ЦИВИЛ ги посети двете локации за кои побара дозвола за одржување на настанот во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“.

Во 2013 година тогашниот министер за образование, Спиро Ристевски забрани одржување на креативни работилници во училиштата низ земјата за едукација на деца и млади како дел од проект на ЦИВИЛ.

Овие примери се само мал дел од препреките со кои ЦИВИЛ секојдневно се соочува со години наназад и претставуваат грубо кршење на едно од начелата на Граѓанската повелба која ЦИВИЛ продложува интензивно да ја промовира во јавноста.

М.И.

Tags: Граѓанска повелбасредина што овозможуваЦивил
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ