ЦИВИЛ Млади, водејќи се по сопствениот пример и секојдневната потреба од интернетот и друг вид на аудиовизуелна интеракција денеска ги повикаа професорите и средношколците од СПЕУГС “Васил Антевски-Дрен“, заеднички да го проследат документарниот филм „Најсреќната кикиритка во светот“, кој го покажува проблемот со глобализацијата и нејзиното влијание во светот и на светскиот базар.
За глобализацијата во Македонија зборуваа средношколците Давид Стојановски, Горазд Ордановски и Анџела Арсенијевиќ.
Самите ученици меѓусебно имаа спротивставени мислења, сепак се сложуваа деа глобализацијата, модерното време и технологијата им зема голем дел од времето на младите, а социјалните мрежи ги гасат емоциите и ги разделува од светот.
ЦИВИЛ Млади сметат дека ова ќе биде поттик за сите основни и средни училишта да организираат што е можно повеќе вакви настани со кои преку аудиовизуелизација и дебата на младите, пред се полесно ќе научат и ќе ги запомнат темите за кои дискутираат, и ќе ја разбудат креативноста и почитувањето на различните ставови и мислења.
ЦИВИЛ Млади настанот го организираа во соработка и поддршка на ЦИВИЛ-Центар за слобода и Македокс.
В.М.