• Latest

Средба Меркел-Макрон: Нема официјална потврда дали е разговарало за датум за Северна Македонија

October 14, 2019
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Меркел-Макрон: Нема официјална потврда дали е разговарало за датум за Северна Македонија

October 14, 2019 08:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Париз имаа работна вечера, на која според најавите разговараа и за отворањето на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија, откако германскиот Бундестаг даде зелено светло за тоа.

Работната вечера на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел е пред сè посветена на подготовката на идниот заеднички состанок на француската и германската во Тулуз во предвечерието на европскиот самит во Брисел. На менито многу отворени прашања: Брегзит, назначувањето на европската комисија и турската воена интервенција во Сирија, јави дописникот на МИА.

Двајцата лидери непосредно пред вечерата се осврнаа на офанзивата на Турција против курдските сили во Сирија, која, како што рече Макрон пред Меркел вечерва во Селисејката палата „најверојатно ќе создаде неодржлива хуманитарна ситуација и ќе и помогне на групата Исламска држава повторно да се појави во регионот“. 

„Наша заедничка желба е оваа офанзива да престане. Ние сме уверени дека оваа офанзива го носи ризикот од една страна, на терен да се создаде неодржлива хуманитарна ситуација и од друга страна да и помогне на Даеш (Исламската држава) повторно да се појави во регионот“, рече Емануел Макрон, кој од 22 часот вечерва заседва со Советот за одбрана.

„Зборував со претседателот Ердоган еден час, мора да ги земеме предвид интересите и безбедноста на Турција. Но, исто така сметаме дека мора да ставиме крај на оваа турска инвазија, затоа што има хуманитарни причини и не можеме да ја прифатиме оваа ситуација против Курдите“, додаде Ангела Меркел.

Макрон нагласи дека соочени со оваа ситуација ќе останат координирани. Тој ги ги повика Европејците да се обединат во „овој тежок и понекогаш вознемирувачки европски и меѓународен момент“.

За тоа дали се разговараше и за датумот за преговори за Северна Македонија уште не се знае. Според дипломатските извори од Брисел, Франција е единствената која смета дека „Северна Македонија не ги исполнува потребните услови“ за почеток на преговорите. Ставот на Емануел Макрон е изолиран, бидејќи пред осум дена четворицата први луѓе на европските институции повикаа во заедничко писмо за започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Ова одбивање предизвикува незадоволство кај европските дипломати, кои го обвинија Париз дека ја загрозува стабилноста на Балканот, за чија стабилност Париз официјално се залага. Ова уште повеќе што на два пати ЕУ одлучи да го одложи започнувањето на преговорите.

Официјален Париз и покрај  писменото и телефонското барање на МИА да реагира на пишувањето на светските новински агенции за блокирањето на почетокот на преговорите со нашата земја, се досега не одговори на нивнитее прашања.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ