• Latest

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година

November 30, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година

November 30, 2024 09:59
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР во нашата земја. Поводот за состанокот беше консултативната мисија на делегацијата за финализирање на новата Стратегија за земјата за периодот од 2025-2030 година, соопштија од НБ.

Целта на состанокот, како што се наведува во соопштението, беше да се споделат видувањата и разменат податоци за спроведување на транспарентен и инклузивен процес за изработка на новата стратегиска рамка за соработка со земјава. Дискусиите беа фокусирани на идентификување на приоритетите и можностите за поддршка на одржлив економски развој на земјава, поддршка на растот на приватниот сектор, како и на зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата, согласно целите на ЕБОР.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска на средбата посочиле дека Народната банка е посветена на соработката со ЕБОР во насока на зајакнување на економската отпорност и финансиската стабилност во земјава. Во сложеното економско окружување, кое носи повеќе ризици поврзани со геоекономската фрагментација, климатските промени, како и забавувањето на потенцијалот за раст на поразвиените економии, сè поизразена е потребата за спроведување институционални и структурни реформи, коишто ќе ја зголемат продуктивноста и потенцијалот за раст, односно за побрза конверегенција на домашната економија. Во изминатите неколку кризни години доходовната конвергенција стагнираше.

На средбата беше нагласена и досегашната успешна соработка помеѓу Народната банка и ЕБОР и подготвеноста на оваа меѓународна финансиска институција за одржување на континуитетот во обезбедувањето поддршка за реформа на приоритетните сегменти, вклучително и во финансискиот систем.

-ЕБОР е посветена на поддршката на националниот и регионалниот економски развој на земјата преку сеопфатен и стратешки пристап. Со преку 2,9 милијарди евра инвестирани во 196 проекти од 1993 година, ЕБОР одигра клучна улога во зајакнувањето на конкурентноста, подобрувањето на инфраструктурата и поттикнувањето на дигитализацијата, енергетската одржливост и регионалната интеграција. Остануваме фокусирани на развојот на приватниот сектор, каде што со нашите напори ќе поттикнеме подинамична и поотпорна деловна средина. Исто така, посветени сме на понатамошно зајакнување на финансиската отпорност на земјата, поддршка на растот на приватниот сектор и обезбедување зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата во согласност со нашите долгорочни цели за одржлив развој, изјави Туркменоглу, се наведува во соопштението од НБ, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ