• Latest

Средба Османи – Дендиас: Односите меѓу Северна Македонија и Грција, пример за добри соседи

December 15, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба Османи – Дендиас: Односите меѓу Северна Македонија и Грција, пример за добри соседи

December 15, 2022 13:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на неговата работна посета на Атина, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас, информираат од МНР.

На средбата, министрите изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, плодната соработка во бројни сфери и проекти од заемен интерес, како и перспективата на нивното натамошно унапредување, на билатерален, регионален и мултилатерален план.

Се разговараше за договорот од Преспа и неговото позитивно влијание врз севкупните односи и соработка меѓу двете држави.

“Навистина сум задоволен што односите меѓу Северна Македонија и Грција се вистински пример за добри соседи и пример како да се изгради стабилно и долгорочно пријателство засновано на меѓусебна доверба и почит. Имаме договор за стратешко партнерство, чие доследно спроведување претставува основа за понатамошна соработка и дополнително зајакнување на нашите блиски односи” истакна Османи, додавајќи дека растот на трговската размена меѓу двете држави за 100%, е најдобар показател за новото поглавје на билатералните односи, што го овозможи потпишувањето на договорот.

Османи упати благодарност за поддршката на Грција во евроинтегративниот процес на Северна Македонија, која оваа година ги започна преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Се разговараше за соработката во рамките на НАТО и регионалните иницијативи, а во пресрет на претседавањето на Северна Македонија со САД-Јадранската повелба, Процесот за соработка во Југо-источна Европа и ОБСЕ, во текот на 2023 година. Фокусот во овој дел беше токму врз соработката за време на нашето претседавање со ОБСЕ,  а во насока на обезбедување на траен мир, стабилност и просперитет во регионот и пошироко.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: билатералаГрцијаинтеграциипреспански договорСеверна Македонијасоработка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result