• Latest

Средба Османи – Милков: Договорени конкретни механизми за  превенција на говорот на омраза во двете земји

November 8, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба Османи – Милков: Договорени конкретни механизми за  превенција на говорот на омраза во двете земји

November 8, 2022 10:54
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на посетата на Софија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со својот бугарски колега, Николај Милков, информираат од МНР.

На средба  беше разговарано за севкупниот контекст на односи и соработка, во светло на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и заедничките обврски кои произлегуваат од него. Беа договорени конкретни механизми за  превенција на говорот на омраза во двете земји, при што  двајцата министри заемно се согласија дека не треба да се дозволи  бројните провокации од групи и поединци во двете земји да го нарушат процесот на зајакнување на добрососедските односи.

„Сакам да верувам дека заедно со колегата Милков ќе сториме сѐ за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика, други на ди ги кројат билатералните односи, туку ние двајца, заедно со дипломатите од нашите министерства, во духот на европските вредности ќе продолжиме да градиме европска иднина за сите наши граѓани. Не треба да заборавиме дека сме ние актуелни сојузници во НАТО, идни партнери во Европската Унија, но пред сѐ пријатели и добри соседи, и очекувам нашата соработка да се развива соодветно“ истакна Османи.

Во рамките на средбата беше донесена и одлука за одржувањето на претстојниот Бизнис форум меѓу двете земји, во декември, на кој ќе разгледуваат начините за заедничко справување со најактуелните прашања какви што се енергетските предизвици, како и за соработката во земјоделието, во здравството, и за валоризирање на придобивките  од прекуграничната соработка.

„За динамиката на меѓусебната соработка зборува и растот на трговската размена која за првите осум месеци од оваа година изнесува над 710 милиони евра, што е зголемување од точно 52 отсто во однос на истиот период минатата година и ја става Бугарија на петто место на листата на држави со кои имаме најголема трговска размена“ нагласи Османи пред новинарите и додаде дека очекува со овој тренд до крајот на годината трговската размена да надмине една милијарда евра.

На средбата се направи пресек и на досегашните активности во однос на отворањето на Граничниот премин Клепало, како и на соработката на планот на културата, притоа јасно охрабрувајќи го интензивирањето на културната соработка која преку своите универзални вредности треба да дејствува во насока на зближување и градење пријателство меѓу двата народи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ