• Latest

ССМ бара построги казни за компаниите кои не исплатиле плати и покрај добиените субвенции од државата

June 3, 2021
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ бара построги казни за компаниите кои не исплатиле плати и покрај добиените субвенции од државата

June 3, 2021 14:07
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на Синдикатите на Македонија бара, освен парични, да има и затворски казни до една година за оние работодавачи кои нема да им исплатат плати на работниците иако за тоа добиле субвенции од државата. Само така, велат од ССМ, ќе се стави крај на овој тип на прекршување на правата на работниците.

-Ние во нашите барања до Државниот инспекторат за труд и до Државниот пазарен инспекторат инсистираме  да се примени Кривичниот законик и да има, не само парична казна, туку и казна затвор до една година за тие управители, менаџери и директори, за да се подигне свеста дека парите што ги дава државата се наменски, се за работникот, односно се даваат за субвенционирање на платата на работникот, рече претседателот на ССМ Дарко Димоски одговарајќи на новинарско прашање по средбата со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Тој упати апел до сите работници да се охрабрат и да ги пријавуваат и овие, но и сите други прекршувања на нивните права.

-Ги охрабрувам работниците преку апликацијата е-советник да пријават за себе анонимно, за друго лице, да ја искористат оваа можност, а ние во име на ССМ ќе поведеме судски спор, бесплатно ќе ги застапуваме во судовите и ќе им дадеме бесплатна правна помош, рече Димовски.

Тој додаде дека казните се мали само доколку пријавите не се напишани така како што треба. Се казнува 200, 300, 400 евра, нагласи, ако не се знае како да биде попoлнета пријавата. Глобите, нагласи Димовски, можат да бидат значително поголеми, а ние како ССМ имаме ресурси и капацитетити да застанеме зад секој работник кому му се прекршени правата.

Министерката Шахпаска рече дека сега откако УЈП ги објави податоците на команиите кои не ги исплатиле платите иако добиле субвенции треба да настапат институциите и да ја овозможат правдата.

-Сега се на потег институциите кои се надлежни и со мерки и активности треба да ја испорачаат правдата, но и да овозможат да се испочитува она за што ние како Влада отворено се заложивме и така ја креиравме финаниската поддршка на компаниите, рече Шахпаска.

Таа нагласи дека инспекциските служби работат постојано на терен, дека е зголемен обемот на нивната работа. Државниот инспекторат за труд, нагласи, излегуваше на терен на вонредни надзори, секаде каде  имаше кршење на работничките права ги адресираше и постапуваше согласно неговите ингеренции.

УЈП денеска соопшти дека до 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавач кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца.

Како што информира директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош  е вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март.

Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот. Лукаревска рече и дека продожуваат контролите кај работодавачите кои го изиграле законот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ