• Latest

Станковиќ: Јазик на разбирањето, наместо јазик на омразата

March 30, 2018
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница на Левица (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Станковиќ: Јазик на разбирањето, наместо јазик на омразата

March 30, 2018 11:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ја поддржувам ‘Граѓанската повелба’ бидејќи цврсто сум убеден дека вклучувањето на граѓаните во обликувањето на нивното/нашето општество е неминовно, ако сакаме нашата држава да продолжи да постои и да функционира“, истакна Синиша Станковиќ, од ЦИВИЛ, на конференцијата „Граѓанска повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“.

Тој дододаде дека на истекот на третата деценија од егзистирањето како независна и суверена држава, „Мaкедонија – кај и да е, ќе стане држава со сите нишани, лека – полека, нешто со наша заслуга, нешто со помош на пријателите од странство“, потенцирајќи дека и покрај сите пречки, привршуваат процесите на тежнеење кон евроатлантските интеграции и на затоплување на односите со соседите.

„Изградивме држава, меѓутоа за жал, колку и да звучи грубо, ние сме далеку од изградба на граѓанско општество. Еден мал процент на граѓан(к)ите се борци за граѓанското општество вистински да заживее… На пример, кога само на еден мал процент или барем, на помал процент од сегашниот, би им пречеле овие седум јазика на ‘Граѓанската повелба’, на банерот зад мене… Меѓутоа, некому…, на многумина им пречат. Последниот текст/анализа за политичката ситуација во Македонија, минатата недела го насловив ‘Македонија – службениот јазик на омразата’. Сè додека е така, јазиците што се зборуваат во оваа наша ‘македонска салата’ – ќе ни пречат. Затоа се залагам дека секој треба да ја прифати ‘Граѓанската повелба’ и да работи во својата сфера на влијание“, истакна Станковиќ.

Тој додаде дека Македонија сега е и светски позната како царството на лажни вести. „Македонија е легло на спин-мајстори од политичкиот и бизнис секторот, во кое сè може да се продаде како вистина, а за жал, сè може и да се прифати со оглед на медиумската писменост на огромен број на конзументи. Не може во држава каде што секојдневно се шири омраза и лажни вести да се зборува за медиуми, да се зборува за информирање воопшто, народот вели: слепи при очи“, вели Станковиќ.

„За граѓаните навистина да можат да учествуваат во обликување на општеството, во донесувањето одлуки, мора да имаат поддршка од општествено одговорни новинари. Во првите точки на Повелбата, неслучајно се спомнати слободата на изразување на мислењето, на изнесување на политички ставови, но и слободата и достапноста до изворите на информациите. Ако секој граѓанин си го постави прашањето од Повелбата – ‘Што има тука за мене?’, во смисла, што можам да направам, со што можам да придонесам за Македонија да стане попристојно место за живеење, можеби во иднина би го одбегнале она прашање кое со децении го девастираше целиот Балкан. На српски беше ‘Колко мене доѓе?“ (Колку од ‘зделката’ е за мене?“), прашањето – потпорен столб на корупцијата…

Станковиќ додаде дека корупцијата/криминалот можеме да ја победиме единствено во соработка со сите  заинтересирани граѓани, поединци, индивидуи кои се заинтересирани за себе и своите семејства, за општеството, за – својата држава да ја обликуваат за своите идни поколенија.

Дехран Муратов

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Eрмин Климента

Фотографија: Биљана Јордановска

Tags: Граѓанска повелбаконференцијаМедиумиСиниша Станковиќслобода
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ