• Latest

Станковиќ: „Вергламе“ на истата тема, а ништо не се менува!

March 2, 2017
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Станковиќ: „Вергламе“ на истата тема, а ништо не се менува!

March 2, 2017 16:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Долго дебатиравме каков формат да ѝ дадеме на оваа средба, дебата, тркалезна маса, панел-дискусија… И, на крајот, заклучивме дека е можеби најдобро, тоа да биде еснафски муабет, меѓу луѓе кои имаат што да кажат и чиј збор тежи во новинарството, во професијата која според некои е најубава во светот, а во Македонија последниве две децении е долносана до најниско можно дереџе“, рече уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ, модератор на панел-дискусијата  „Меѓу чеканот и наковалната: Медиумите и новинарството во изборниот процес“, што се одржа минатата недела во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, 

„Поканивме 16-17 колеги, од кои најголем дел најпрвин прифатија да дојдат на муабетот, но денес е петок, новинарите имаат дневни обврски, подготвуваат емисии, или се на терен, се обидуваат да си ја заработат платата, мислам на оние медиуми во кои сé уште им се исплаќаат и плати на новинарите, а од друга страна, и политичката ситуација е таква-каква што е, со сé она што ни се случува последниве два месеца, со чекањето на чадот од Речица… Но, едно од образложенијата за недоаѓање денеска, беше од колешка која ми рече дека, иако за новинарството и медиумите треба и мора да се зборува, веќе ѝ е смачено и згадено од сé – ја вергламе истата тема, а ништо не се менува… И тоа мора сите да нé загрижи, оти сé станува бесмислено…“, рече Станковиќ.

„Каневме и уредници во и на телевизиски куќи, и на печатени медиуми, дописници на странски медиуми, новинари со долги кариери…, и на крајот, наши гости денеска се петмина еминентни новинари. Мислам дека на овие шест столчиња денес седат релевантни луѓе, со кариери во новинарството, со големо искуство од некои 160-170 години стаж во разни медиуми…“, рече Станковиќ претставувајќи ги панелистите:  Гордана Дувњак (Утрински весник), Љубиша Николовски (ТВ Нова), Биљана Спасеска Георгиевска (ТВ 21), Бранко Геровски (Слободен печат, Плусинфо), Назим Рашиди (ТВ Алсат – М).

„27 години новинарите во Македонија се жалат, на сопствениците, на уредничките делови од екипите, на немањето доволно ресурси, што се покренуваат медиуми без претходно осмислен буџет, на тоа што еснафската организација не ги заштитува доволно, се жалат и на падот на стандардите, се жалат на нивото на критерумите и на сé она што ни е долносано и за што имаме оценки од релевантни меѓународни организации, но некако најмалку, или јас имам таков впечаток што можеби е и погрешен, зборуваме самите за себе! Односно, колку и што можат денес, со оглед на состојбата со слободата на медиумите и на јавното изразување, новинарите во Македонија да направат, за оној омеѓен простор што секојдневно им се стеснува, да го прошират и да го вратат барем на нивото од 90-тите години од минатиот век“, рече Станковиќ.

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

Tags: егзистенцијаеснафискуствоомеѓен просторплатирелевантни организациисмисластандарди
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ