• Latest

Стапуваат на сила новите европски правила за заштита на приватноста

May 25, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стапуваат на сила новите европски правила за заштита на приватноста

May 25, 2018 09:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во ЕУ од денеска стапува во сила новата европска регулатива за заштита на личните податоци, позната како ГДПР, која и им дава на корисниците поголема контрола врз сопстените податоци.

Ревидираната регулатива за заштита на податоците од денеска ќе донесе повеќе промени за европските онлајн корисници. Меѓу најважните се тоа што од сега компаниите ќе мораат со „јасен и прецизен“ речник да им ги објаснат правилата за приватност на корисниците, за разлика од досегашните долги и комплексни упатства, на кои најчесто корисници кликаат „прифаќам“ без да ги прочитаат.

Дополнително, корисниците ќе треба да дадат „афирмативна“ согласност“ за споделување на нивните лични податоци, додека до сега беше дозволено молкот да се смета за согласност, или пак условите за споделување на податоците да бидат скриени во долгите упатства за употреба на веб сајтовите.

Компаниите исто така ќе имаат обврска да ги информираат граѓаните кога нивните лични податоци се трансферираат надвор од ЕУ, но и да образложат за кои цели тие се трансферираат како и да му дадат можност на корисникот да одбие.

марија габриел бугарска еврокомесарка

Корисниците се здобиваат со поголеми права пред моќта на технолошките гиганти на интернет. Па така, компаниите ќе мораат веднаш да ги информираат корисниците доколку била нарушена нивната приватност онлајн, а корисниците ќе имаат право и да ги побараат сите информации кои фирмата ги поседува за нив.

Со новата регулатива и националните тела за заштита на личните податоци добиваат засилена моќ. Додека досега тие имаат само ограничени можности за соработка на ниво на ЕУ, од сега нивните надлежности се хармонизираат, а нивните одлуки ќе стануваат обврзувачки за случаи кога повеќе европски земји се засеганти од некое нарушување или злоупотреба.

За крај, овие тела ќе имаат дозвола и да изрекуваат казни за фирмите кои ги прекршуваат правилата на новата регулатива. Казните можат да достигнат 20 милиони евра или пак 4 отсто од глобалниот обрт на фирмата.

Повеќе компании како „Фејсбук“ и „Мајкрософт“, ги поздравија новите европски правила, а некои од нив планираат да ја прошират истата заштита и за корисниците надвор од Европската Унија.

Потпретседателката на „Мајкрософт“ вчера изјави дека новата регулатива воспоставува „важни принципи кои се релевантни на глобално ниво“ и планира да им овозможи иста контрола врз сопствените лични податоци на сите корисници на интернет во светот.

Марк-Закерберг-ЕПА.

Основачот на „Фејсбук“, Марк Зукерберг, по избивањето на скандалот со „Кембриџ Аналитика“, исто така во повеќе наврати ја поздрави новата регулатива, и изрази надеж дека ќе може да се прошири глобално, иако прецизираше дека тоа не е возможно секаде поради различните законски рамки во различни делови од светот.

Но, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не сите компании успеваат да се снајдат со новите правила. Додека европските корисници во последните денови постојано добиваат електронски известувања од разни платформи и апликации за промените во правилата за приватност, некои компании одлучија пак да ги исклучат европските корисници, бидејќи не успеваат да ги променат правилата во согласност со новата регулатива.

Таков е случајот со „Инстапејпер“, кој е дел од платформата „Пинтерест“. „Инстапејпер“ најави дека корисниците во ЕУ од денеска нема повеќе да имаат пристап до сајтот но дека мерката е привремена.

– Го потценив обемот на работа и не беше можно да се усогласиме до дадениот рок, ова беше задолжителната алтернатива, изјави Брајан Донахју кој раководи со сервисот.

„Стардаст“, апликација за оценување на филмови и серии, не само што ќе ги блокира корисниците, туку и целосно ги избриша сите нивни податоци, од страв дека и тоа би можело да претставува нарушување на законската рамка во ЕУ. Други компании пак целосно планираат да се повлечат од ЕУ и воопшто да не ги нудат повеќе своите услуги на корисниците на овој дел од светот. (МИА)

Tags: „Фејсбук“европски правилазаштитаМарк Зукербергприватност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ