„Задоволство ми е, по повод 22 ноември, Денот на албанската азбука, да ја искажам мојата длабока почит кон ликот и делото на Параскеви Киријази, единствената жена којашто учествуваше во работата на Битолскиот конгрес, одржан на 22 ноември 1908 година, на кој беше унифицирана азбуката на албанскиот јазик.
На жените како Параскеви, кога и да живееле, каде и да се родиле и работеле, на кој јазик и да се изразувале и да дејствувале, можам единствено со почит да им се поклонам“, изјави Ирена Стефоска, министерка за култура.
https://www.facebook.com/StefoskaIrena/videos/1453303854864754