Соединетите Држави ја потврдија својата политика да нема разговори за Украина без Украина на маса и немаат намера да започнат дијалог за решение со Русија во име на украинските власти, како што Кремљ би сакал тоа да го направи Вашингтон. изјави Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот на САД, кој зборуваше на брифинг во Вашингтон во средата, јавува дописникот на Укринформ.
„Не е улогата на Владата на Соединетите Американски Држави да преговара во име на која било друга земја, а тоа секако ја вклучува Украина“, рече Прајс.
Доколку постои можност за дијалог и дипломатија да се стави крај на тековната војна, додаде Прајс, „тоа на крајот ќе треба да се случи меѓу Украина и Русија“.
„Нема да носиме одлуки, нема да преговараме во име на Украина или која било друга земја“, заклучи портпаролот.
Вашингтон ја критикуваше Русија поради масовните ракетни напади врз украинските градови, а во исто време изјавуваше подготвеност за мирен дијалог.
Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека Кијив нема да преговара со московските терористи се додека претседателот Владимир Путин е на власт.
Подготви: Д.Мишев