• Latest

Стеријовска: На театарот му се потребни институционална поддршка и алтернативни пристапи во време на Ковид-19

June 28, 2020

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Стеријовска: На театарот му се потребни институционална поддршка и алтернативни пристапи во време на Ковид-19

June 28, 2020 12:50
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иако животот се обидува да се врати во нормала, сепак присуството на пандемијата со Ковид-19, секојдневно не предупредува дека уште долго време ќе бараме алтернативи како да живееме со него, префаќајќи ги новите правила што ни ги наметнува.

Не помалку погоден од кризата со корона вирусот е театарот. Во тој  хаос од идеи и креативни решенија како да се спаси културата и уметноста, театрите останаа затворени и денеска, актерите без сцената што живот значи.

На темата театар и Ковид-19 разговаравме со Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка. Според Стеријовска, време е театарот институционално да преземе чекори во барање алтернативни решенија што би ја замениле сцената такав каква што сите ја знаеме и познаваме.

„Јас лично очекував да се истражуваат нови простори, нови форми и изрази, можеби не во онаа класична смисла, публика во гледалиште и актери на сцена. Но, мислев дека барем институционалниот театар, кој на некој начин е организациска единица сама по себе, дека можеше да се занимава со истражување на нови простори и правење проекти што се едноставни, актери да читаат аудио книги, радиодрами и сл., некаква форма во која театарските работници би биле активни. На пример, алтернативниот театар имаше таков пробив,, што јас лично сметам дека е едно проактивно размислување на уметниците на нови простори“, изајави Сетријовска.

Стериојвска очекува инстуционалниот театар да не остане во тој комодитет во кој сега се наоѓа, или како што вели, ставот нема услови за работа, поради пандемијата, нема да се работи.

„Треба да се занимаваме со откривање на нови простори, да видиме што значи претстава за десет луѓе, на пример, што значи претстава во онлајн простор… Заспаноста на уметниците ништо добро нема да донесе“, вели Стеријовска.

„Да видиме што значи алтернативниот простор, комерцијализацијата на уметноста, како некаква уметничка артикулација би можела и да се продаде во вакво време, особено во тетарот. Ако немаме физичко присуство на публика, што би значел продуктот, како би се конзумирал, кон кого би бил насочен“, изјави Стеријовска надевајќи дека оваа време на Ковид-19 ќе не научи на нови начини на изразување, што кога ќе заврши ќе бидат одлични алтернативни алатки што ќе им користат на ументиците.

Стеријовска во моментот работи на повеќе концепти во кои ја разработува позицијата на гледачот во однос на дејството на сцена и размислува во правец на нови алтернативни решенија.

„Сметам дека институционалната култура и уметност треба да ја даде поддршката, особено во ова време кога, на некој начин, од ново се градат патиштата на уметноста…“, додаде таа.

На сметка на казината, обложувалниците, тератаните..што веќе се отворени, нема план како и во кои услови ќе се отвораaт театрите, културните домови, библиотеките…

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ