• Latest

Стерилизирана владина програма за 2026: судството нереформирано, европската агенда блокирана

February 4, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Стерилизирана владина програма за 2026: судството нереформирано, европската агенда блокирана

February 4, 2026 13:01
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Владата ја усвои Програмата за работа за 2026 година – документ од над 400 страници, претставен како стратешки, сеопфатен и реформски план. Во соопштението на Владата,  доминираат зборови како „системски закони“, „квалитет“, „одржливост“ и „европска иднина“. Обемот на текстот ( 400 страници), според соопштението од Владата,  очигледно не ги  содржи суштинските прашања за кои граѓаните очекуваат одговори се скоро целосно избегнати. Останува темелно да се прочита и анализира, сепак.

Според Владата, Програмата опфаќа образование, здравство, дигитализација, јавна администрација, економија и вработување, а најавите се сведени на формулирани ветувања – нови закони за образованието, стратегија за млади лекари, Закон за електронска фактура, оперативен план за вработување, Центар за дигитални вештини. Сето тоа звучи модерно, но, како и во минатото, зборовите не се претвораат во конкретни чекори кои ја менуваат реалноста за граѓаните.

Правосудството – „висок приоритет“ скриен во 400 страници

Реформата во судството се наведува како „висок приоритет“, но, во соопштението од Владата само се спомнува во еден од пасусите, не давајќи никакви детали околу реформите, освен декларативно. На хартија звучи добро, но кога ќе се погледнат конкретните случаи што ја разнишаа јавноста, станува јасно дека вистинските проблеми со правдата остануваат нерешени.

Довербата на граѓаните во судството според релевантни истражувања изнесува само 8–15%, една од најниските во регионот. Во последните речиси две децении, бевме сведоци на долг список скандали што создадоа длабоко верување правосудство што не може, или не сака, да се соочи со злоупотреби на моќта:

– Пронајдени 350.000 евра „соѕидани“ во ѕидови во домот на судија од Апелациониот суд во Скопје, поврзани со истрага за противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомнежи за корупција и трговија со влијание.
– Апсење на судија на Врховниот суд поради сомневање за земање мито за олеснување во судски постапки.
– Обвинение против судија Зоран Теофиловски за манипулирање со државен имот и добивање поволности при приватизација на државно земјиште, предмет што на крај беше отфрлен по измените на Кривичниот законик.
– Низа предмети од СЈО, вклучувајќи прислушкувани предмети и политички чувствителни афери, кои завршија со делумно или целосно укинати пресуди, создавајќи чувство на недостиг на правда.
– Предметот „Таргет‑Тврдина“, откриен од СЈО, каде што беа нелегално прислушувани илјадници граѓани, а клучните обвинети се соочија со рестрикции или застарување на обвиненијата поради измени во Кривичниот законик.
– Во 2023 година,  административниот судија Мустафа Шахини осуден на пет години затвор  за злоупотреба на службена положба, што ја покажува суштината на етичките и коруптивните проблеми во системот.

И ова е само дел.

Покрај овие примери, постојат и официјални извештаи на  ГРЕКО, кои укажуваат дека земјата сè уште има работа за спречување корупција кај пратеници, судии и обвинители. Дел од препораките се исполнети формално, но суштински, многу од нив остануваат нецелосно имплементирани, особено мерките за етика, дисциплински санкции и независност на правосудството.

И покрај овие случаи и меѓународни оценки, Програмата за 2026 година не нуди јасни рокови или механизми за справување со овие системски слабости, оставајќи правдата како формална илузија, наместо практична гаранција за граѓаните.

Европска агенда?

Во Програмата се споменува „европска перспектива“, но суштински план за продолжување на преговорите со ЕУ  – нема. Не се наведува ништо за уставните измени поврзани со внесување на Бугарите во Уставот – клучен услов за деблокада на преговорите.

Премиерот Христијан Мицкоски повеќепати јавно изјави дека уставни измени нема да има без „гаранции за македонскиот идентитет“, став што го повторува постојано, без одговорност за последиците по државата и општеството. Коалицискиот партнер ВЛЕН ветуваше дека уставните измени и европската интеграција ќе бидат приоритет и дека ќе се реализираат „во рок од шест месеци“. Од ВЛЕН досега нема никаква иницијатива, ниту притисок , освен гласни изјави од назначените функционери. Формулираната „европска перспектива“ во документот звучи како празна реторика- во најдобар случај.

Јавна администрација и правична застапеност

Во делот за јавната администрација се најавува единствен систем на плати и нови закони за високата раководна служба. Но во јавноста се отвори дебата за правичната застапеност, која произлегува од Охридскиот рамковен договор. Венецијанската комисија укажа дека какви било промени мора да обезбедат зачувување на етничкиот баланс, а истовремено да се почитува мерит-системот. Министерот Горан Минчев тврдеше дека новите решенија ќе донесат поголема правичност, но без јасни институционални гаранции, ризикот од селективна политичка примена останува голем. Охридскиот договор врз кој се темелат овие политики – за веќе не толку  новата власт- во моментов постои само како документ за опортунистичка употреба.

Опозицијата и политичкиот контекст

Во овој момент, формално најголема опозициска партија е СДСМ, која гласно реагира на владините политики со прес-конференции и критики. Но реакциите се често без јасна програма или алтернатива, а јавноста не гледа сериозен притисок врз власта.

ДУИ, пак, се позиционира како активен фактор во прашањата поврзани со европските интеграции, уставните измени и примената на Охридскиот договор. Накратко, ДУИ квалитетно ја користи пасивноста на ВЛЕН за да се претстават како „чувар“ на етничкиот баланс и европската агенда, консолидирајќи ја својата позиција меѓу албанските гласачи и со тоа ја насочуваат  јавната дебата.

Обемна програма, без одговор на отворени прашања

Програмата за 2026 година претставува обемен документ со најави за законски и стратешки иницијативи во повеќе сектори. Во неа доминираат определби за реформи, стабилност и европска иднина, додека клучните политички и институционални прашања – судството, уставните измени, европската интеграција и правичната застапеност – остануваат на ниво на општи фрази и декларации.

Програмата за работа за 2026 година, и покрај обемот и високата реторика, останува документ без политичка храброст и без одговор на клучните прашања. Наместо јасни рокови, одговорности и мерки, нуди познати фрази и општи ветувања.

Во држава со длабока недоверба во институциите, ваквите програми не создаваат надеж, туку го продлабочуваат чувството дека „реформите“ служат повеќе за политички маркетинг отколку за вистинска промена. Особено загрижува избегнувањето на уставните измени – клучен предуслов за продолжување на европските интеграции – што ја сведува „европската перспектива“ на празна декларација. Додека правдата, уставните обврски и институционалната одговорност се третираат декларативно, обемот на документот ќе остане единственото нешто што навистина е големо.


ЦИВИЛ МЕДИА | Текстот е личен став на Авторката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ