Директорот на Шведскиот завод за статистика Јоаким Стимн, посочи дека шведската статистика има над 40-годишна соработка со земји од светот и веќе 20 години во регионот на Западен Балкан, на означувањето на официјалниот старт на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ на кој ДЗС работи со Шведскиот завод за статистика.
„Нашето партнерство е во насока ние да работиме рамо до рамо со вас на институционално ниво, а не само во насока на решавање на вашите проблеми, туку и ние ќе учиме од вас“, изјави Стимн.
Официјалната статистика, посочи тој, има централна улога во демократските општества, бидејќи е основа за добро информирани граѓани кои бараат одговорност од властите, но и за соодветен развој, економија, истражувања и иновации и во јавниот и приватниот сектор.
„Заедно можеме да направиме многу за граѓаните и јас сум убеден дека проектот ќе придонесе за подобрување на општествениот, економскиот и еколошкиот развој на Северна Македонија и ќе има улога како интегрална компонента во процесот на евроинтеграции“, изјави Стимн.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети