• Latest

Стоилов: Цел на бугарската техничка Влада е да ги разоткрие моделите за спроведување корупција

June 19, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стоилов: Цел на бугарската техничка Влада е да ги разоткрие моделите за спроведување корупција

June 19, 2021 10:26
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничката Влада во Бугарија која е со многу ограничен мандат паралелно е и со голема амбиција добро да ги организира парламентарните избори во јули и да ги пронајде коруптивните практики со купено контролирано гласање за време на изборите.

Министерот за правда на Република Бугарија Јанаки Стоилов во интервју за МИА вели дека привремената Влада има цел и да ги разоткрие оние модели со кои се спроведува корупцијата, од кои, според него, дел се законски, но се крајно нецелисходни.

Според Стоилов, со направените измени во законодавството се намалуваат можностите преку Агенцијата за Бугари во странство и разни организации да се фаворизираат одредени групи, да се влијае во корист на некои партии или пак да се издадат лажни сертификати за бугарско потекло.

Да ви обрнам внимание дека корупцијата не е само проблем во балканските држави, туку тоа е и глобален проблем. Веројатно сте забележале дека во последните години се актуелни прашањата за олигархизација на политиката, односно зголемување на богатството и негова концентрација во тесен круг на луѓе, кои што ја поврзуваат политичката и економска активност и со тоа го доведуваат во прашање демократското функционирање на институциите.

Ако има нешто специфично за Источна Европа, тоа е трансформацијата на државната сопственост како резултат на приватизацијата и другите методи, односно за неколку години од силно доминантна државна сопственост се премина на раздржавување. Тоа во многу случаи покажува дека додадената вредност и претприемништво не го формираа богатство, туку пристапот до можноста да се добие овој државен имот.

Се разбира, за нас една од тековните задачи е спротивставувањето на корупцијата. Сегашната Влада, иако е техничка, со многу ограничен мандат, има амбиција не само добро да ги организира парламентарните избори, вклучително и да ги пронајде коруптивните практики со купено контролирано гласање за време на изборите, туку и да ги разоткрие оние модели со кои се спроведува корупцијата, од кои дел, за жал, се законски, но се крајно нецелисходни и не се во интерес на мнозинството луѓе, и драстично да ги намали ваквите практики. Тоа е еден од приоритетите во мојата работа, заедно со подобрување на услугите за граѓаните и одржување на интеракцијата со судството, вели Стоилов.

Неодамна САД воведоа санкции кон, мислам, тројца олигарси во Бугарија. Можете ли да ми кажете како постапија Министерството за правда и бугарската Влада во однос на барањето на директорот на Канцеларијата за контрола на странски средства на САД, кој што вели дека треба да се искорени таа корупција и бара одговорност за корумпираните владини службеници?

Тоа пред се е задача што треба да ја решаваат бугарските власти. Но, во глобалниот свет во кој што се наоѓаме, нема начин како ова прашање да не ги интересира и сите оние кои што се поврзани со Бугарија, како локални и странски компании и разни земји во и надвор од Европската унија. Владата донесе една одлука да се стави крај на учеството на луѓе и одредени компании кои се вклучени во вакви процеси. Тоа е фактичката состојба и тоа е реален проблем на кој е посветено нашето внимание.

Но, ова прашање има правна страна и е многу покомплексно. Како да се усогласат ваквите постапки со бугарскиот правен поредок, бидејќи некои од нив би можеле да бидат оспорени пред судската власт, а ние во моментов немаме можност да ги менуваме законите. Треба да ги искористиме оние средства што постојат во законите против перењето пари, против злоупотребите, за да се обидеме да ги искомбинираме овие фактички со законските решенија.

-Успеав накусо да разговарам со европскиот јавен обвинител за време на Советот на министри на ЕУ. Имено, таму, прв пат беше претставен почетокот на активноста на Канцеларијата на европското обвинителство и ја искористивме можноста при нејзината посета, таа да разговара во Министерството со мене и со мојот тим. Ние се осврнавме на прашањата за добра интеракција со сите оние институции што се релевантни за активностите на Европското обвинителство. Исто така, би сакал да го споделам нејзиното очекување, бугарската држава, пред се Обвинителскиот колегиум на Врховниот судски совет, брзо да ги номинира останатите кандидати за Европското обвинителство од страна на Бугарија, со цела неговата активност да биде добро организирана и спроведена. Исто така, ја коментиравме и темата за специјалното правосудство со цел тоа да има реални резултати во борбата против корупцијата, како и за сите институции во нивната сфера на надлежност, посочи Стоилов за средбата со Европската јавна обвинителка, Лаура Ковеши за време на нејзината посета во Софија.

На прашање кои се обврските кон државата од лицата што ќе добијат бугарско државјанство, Стоилов посочи дека тие треба да имаат бугарско потекло и како во повеќето земји, тоа потекло може да се следи, да речеме, до три генерации во минатото. Тоа треба да биде по дирекна линија. Доколку се применат такви критериуми, мислам дека пропустите ќе бидат драстично намалени.

МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ