• Latest

Стојческа, Арсовска и Стојкоски на панелот на ЦИВИЛ: Младите ги поседуваат европските вредости, не смеат да кренат раце од промените

June 10, 2021
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стојческа, Арсовска и Стојкоски на панелот на ЦИВИЛ: Младите ги поседуваат европските вредости, не смеат да кренат раце од промените

June 10, 2021 16:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Имав можност да студирам во Словенија и имав прилика да научам многу повеќе за европските вредости. Кога на 18 години отидов во Словенија имав потешкотии да се прилагодам. Промените што се случуваа во  време на Шарената револуција ја следев од таму. Во однос на дигитализацијата, имаме можност да растеме. Нема оправдување дека не може нешто да се смени и да кренеме раце. Не смееме да кажеме „пиши пропало“, мора да се бориме за поздрава средина и поубави можности“, изјави Билјана Арсовска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Младите и европските вредности“.

Таа додаде дека имала среќа да студира во Словенија кадешто научила критички да размислува, а не само да ги учи лекциите од книга.

„Во Словенија научив да учам и критички да размислувам. Тие не бараа од мене да ја научам скриптата, туку самата да се снајдам, да се самоедуцирам. И тука во нашата земја млади што се едуцираат се доста паметни и успешни и не треба да ни биде изговор дека „лошо ни е образованието“, бидејќи има и неформално образование.

Билјана Арсовска на настан на ЦИВИЛ: „Младите и европските вредности“.

Ние повеќе треба да се фокусираме на позитивните работи наместо само да кукаме дека нема излез. Младите имааат капацитет и свест да сменат некои работи, но најпрво почнувајќи од самите себеси“, додаде Арсовска.

Билјана Стојческа од Младински сојуз на Крушево, на јавниот настан на ЦИВИЛ истакна дека не зборуваме за ЕУ како институција, туку за евриопските вредности, и откако ќе се усвојат европските вредности дури тогаш може да зборуваме за ЕУ интеграции.

„Преку сите наши проекти промовираме европски вредности. Што ние правиме за младите? Убедена сум дека прво треба тука да почнеме да се сакаме, да им покажеме на ЕУ дека сме спремни да не примат во својата кујна. Младите се двигатели на промените.

Голем процент од младите сакаат да живеат надвор од нашата држава, а на прашањето дали некогаш живееле во некоја европска држава, тие одговориле – не.

Младите имаат перцепција дека таму во Европа е се идеално и дека таму саакт да живеат.

Не дека ние немаме потенцијал, но свесно ги туркаме во некоја европска земја наместо да ги задржиме тука. Треба де се поправиме ние и да ги убедиме да бидат продуктивни и да имаат толеранција, меѓусебно почитување“, потенцира Стојческа.

Билјана Стојческа од Младински сојуз на Крушево, на настан на ЦИВИЛ: „Младите и европските вредости“

Таа додаде дека професорите имаат обврска да им ги пренесуваат европските вредности на учениците, а и невладини организации треба да ги промовираат уште повеќе позитивните примери.

Нашето општество зависи од европската иднина. Ние силно веруваме во европската иднина, за нашето општество постои само таа европска иднина“, нагласи Стојческа.

Андреј Стојкоски од Национален младински совет на панелот истакна дека младите луѓе веруваат во европските вредности и знаат што се европски вредости, ги применуваат тие вредности.

„Би рекол дека има мала бројка млади не се запознаени со европските вредности. Младите не ни знаат дека вредостите што ги носат во себе се токму европските вредности.

Сметам дека треба да се посвети поголемо внимание на оваа тема, во имплементација на европските вредности, за младите целосно да ги применуваат, изјави Стојкоски.

Андреј Стојкоски од Национален младински совет, на настанот на ЦИВИЛ: „Младите и европските вредости“

Tој додаде дека НМСМ постојано работи на промоција на европските вредности.

„Покрај семејството, најголемо влијание кај младите има образовниот систем. Образованието не ги промовира доволно европските вредости. Има млади кои не си ги знаат ниту своите права. Единствено на часовите по социологија имавме некаква дебата за европските вредости, човековите права и слично.

Во текот на ковид кризата младите учетвуваа во волонтерски услуги да им помагаат на повозрасните“, додаде Стојкоски на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема: „Младите и европските вредности“.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Дехран Муратов
фото: Игор Чадиноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ