Во Младинскиот сојуз Крушево, ние повеќе од 20 години зборуваме гласно и јасно на темата младите и европските вредности. Оваа година ќе биде 19тата конференција која што се вика European values for the future of Southeast European countries и е една од најзначајните настани на оваа тема, млади и европските вредности. Ние на овој настан не зборуваме за ЕУ како институција и зошто е важно младите да се стремат кон евроинтеграција на нашата земја и на регионот туку зборуваме како баш овие вредности да се промовираат меѓу младите луѓе и истите да се имплементираат, а отпосле како понатаму да се стремиме кон евроинтеграции, изјави Билјана Стојческа од Младински сојуз на Крушево, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема младите и европските вредности.
Сите овие фолдери позади мене се од таа дваесет годишна работа на Младински сојуз во оваа област, млади и европски вредности. Меѓутоа она што не може да се види и да се чепне онака како што вие сега го гледате е тоа што имаме голема мрежа на млади луѓе, алумни мрежа од 16 држави која баш претставува, тоа се мултипликатори на тие европски вредности за којшто ние зборуваме во Крушево секоја година во септември. Тоа е еден аспект на кој младински сојуз Крушево работи. Друг аспект е дека ние се трудиме преку сите наши проекти да ги промовираме и практикуваме овие европски вредности. Така да Flag Ship програмата на младински сојуз е младите во евроинтегративните процеси и европските вредности.
Јас сум голем поддржувач на младите луѓе. Јас за разлика од младите луѓе, јас верувам дека младите се сегашноста, всушност иднината. Сигурно треба да веруваме дека се иднината, но јас велам дека се сегашноста и сум силно убедена дека ние го креираме тој контекст, ако зборуваме од контекст на младите, младите го креираат тој контекст за можности, негување и промоција на европските вредности. Јас би рекла, ајде ние што правиме за младите луѓе да можат да ги развиваат, промовираат овие европски вредности во нашиот контекст. Ние како организација, вие како медиум и организација, сите заедно што правиме?
Бидејќи сум убедена дека доколку, независно од кај аспект ние пробуваме да се приближиме до таа Европска Унија, ние треба овде да почнеме да се сакаме самите себе, да веруваме во нашите вредности, да веруваме во вредностите во регионот и такви силни, здрави и моќни да кажеме дека имаме што да ви понудиме, и не да не само да не примите, туку ние сме корисни во вашата Унија. По мене, влијаеме младите да бидат двигатели на европските промени во нашето општество. Убедена сум дека младите луѓе, има еден голем податок во последната студија за младина Фридрих Еберт фондацијата, каде што огромен процент на младите сакаат да живеат надвор од дома, надвор од нашата земја. Тој процент е над 80 проценти, но на прашањето на истата оваа студија дали некогаш живееле надвор во било која европска земја, младите луѓе немаат живеено во европските земји. Не е дека нашиот општествен концепт не е во духот на европските вредности, туку ние како општество гаиме во главите на младите дека ние не сме добри и дека таму во некоја европска земја е подобро. Јас не велам дека ние сме совршени нити мислам, треба многу да работиме за да имаме општество базирано на европски вредности. Не е дека немаме квалитети и не е дека не можеме да направиме можности за младите луѓе сите заедно. Убедена сум во ова, сакам да верувам, личи како бајка, знам во кое општество живееме, но доколку не пристапиме на овој начин кон младите, ние свесно ги втурнуваме во други општества кои и те како не се совршени. Ние работиме со овој пристап кон младите.
Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски