Не зборуваме за ЕУ како институција, туку за евриопските вредности, и откако ќе се усвојат европските вредности дури тогаш може да зборуваме за ЕУ интеграции.
Преку сите наши проекти промовираме европски вредности. Што ние правиме за младите? Убедена сум дека прво треба тука да почнеме да се сакаме, да им покажеме на ЕУ дека сме спремни да не примат во својата кујна. Младите се двигатели на промените.
Голем процент од младите сакаат да живеат надвор од нашата држава, а на прашањето дали некогаш живееле во некоја европска држава, тие одговориле – не.
Младите имаат перцепција дека таму во Европа е се идеално и дека таму саакт да живеат.
Не дека ние немаме потенцијал, но свесно ги туркаме во некоја европска земја наместо да ги задржиме тука. Треба де се поправиме ние и да ги убедиме да бидат продуктивни и да имаат толеранција, меѓусебно почитување, изјави Билјана Стојческа од Младински сојуз на Крушево, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема младите и европските вредности.