-Хибридните закани покрај лажните вести и дезинформации, вклучуваат саботажа, шпионажа, па и напади, истакна д-р Љупчо Стојковски, доцентот при катедрата за меѓународно јавно право, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.
„Проблемот со хибридните напади е дека не може да се активира класична државна самоодбрана. Зад нападите некогаш стои и некоја друга држава. За такви напади може да се активираат економски мерки, да се санкционираат или избркаат амбдасадори на одредени земји, но не може да се активира одбранбена сила“.