• Latest

Столтенберг го презентираше годишниот извештај на НАТО за 2019 година и се осврна на справувањето на НАТО со корона вирусот

March 19, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Столтенберг го презентираше годишниот извештај на НАТО за 2019 година и се осврна на справувањето на НАТО со корона вирусот

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, денес го презентираше годишниот извештај за 2019 г. и го изнесе одговорот на Алијансата во врска со пандемијата на COVID-19. Со оглед на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, Столтенберг за прв пат го презентираше неговиот извештај преку виртуелна прес-конференција.

March 19, 2020 15:54
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Столтенберг изрази сочувство до сите оние кои се погодени од COVID-19 и ги објасни чекорите кои ги презема НАТО за спречување на ширењето на вирусот, намалување на ризиците за војниците и цивилите и осигурување на континуитетот на суштинските активности на Алијансата. Тој нотираше дека способноста на НАТО да спроведува операции не е загрозена. „Нашите сили остануваат подготвени и нашата работа продолжува, вклучително на нашите мултинационални воени единици на истокот на Алијансата, мониторингот на воздушниот простор на НАТО, нашите поморски флоти и нашите мисии од Авганистан до Косово“, изјави тој.

Генералниот секретар истакна дека НАТО со години наназад работи на зацврснување на отпорноста на сојузниците, вклучително во здравствениот сектор. „Ќе продолжиме да се консултираме, да ја следиме ситуацијата и да ги преземаме сите неопходни мерки“, рече тој. Столтенберг подвлече дека НАТО останува посветен на својата мисија за осигурување на мирот и безбедноста на скоро една милијарда граѓани.

Исто така беа презентирани резултатите од најопсежната анкета за НАТО која досега била спроведена. Резултатите, објавени во извештајот, покажуваат дека 81% од луѓето ширум Алијансата веруваат дека соработка помеѓу Северна Америка и Европа во полето на безбедноста е важна. Тие исто така покажуваат дека граѓаните од земјите-членки на Алијансата решително се согласуваат со основниот принцип на колективна одбрана. „Иако, природно, резултатите варираат од земја до земја, генералната поддршка за НАТО е силна“, додаде тој.

„На состанокот на лидерите на НАТО во декември минатата година, инициравме процес на рефлексија за да ја продлабочиме политичката димензија на НАТО и уште повеќе да ја зацврснеме веќе цврстата алијанса. Исто така го потпишавме протоколот за пристап во НАТО на Северна Македонија. Сега кога парламентите во сите земји-членки на НАТО ја завршија оваа ратификација, очекуваме многу наскоро да ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како триесетти сојузник на НАТО“, изјави Столтенберг за приклучувањето на нашата земја во НАТО.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ