• Latest

Стоп за неказнивоста, слобода за медиумите!

May 3, 2018

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стоп за неказнивоста, слобода за медиумите!

May 3, 2018 14:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Универзална декларација за човекови права, Член 19: „Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите.“

Од самото основање во 1999 година, ЦИВИЛ – Центар за слобода во континуитет се залага за бескомпромисна одбрана на слободата на изразувањето и медиумските слободи. Во годините на медиумски мрак во Македонија, кога говорот на омразата, лажните вести и црната пропаганда беа доминантни медиумски содржини, беше храброст да се говори слободно и да се известува за настаните професионално и непристрасно.

На Меѓународниот ден за слобода на печатот, ЦИВИЛ им оддава признание на сите новинарки и новинари кои чесно и професионално ги вршеа своите задачи по цена на бројни притисоци и ризици. Тие се столбот на демократските заложби и чувари на јавниот интерес, на правото на граѓанките и граѓаните да бидат информирани за настаните и процесите во општеството.

Воедно, ЦИВИЛ им изразува почит и признание и на граѓанските новинарки и новинари кои во голема мерка придонесоа кон обелоденување на настаните поврзани со ненасилната борба за демократија во изминатите години. Тие беа и останаа исклучително важни за јакнењето на слободата на изразувањето и медиумските слободи.

ЦИВИЛ спроведе голем број проекти и активности за поддршка на слободата на медиумите, што беше основа за формирање и посебна организациска единица и на редакцијата ЦИВИЛ Медиа во 2009, кои конкретно ги спроведуваат долгорочните програмски и стратешки заложби на организацијата да ја застапува, унапредува и брани слободата на изразувањето и медиумските слободи во Република Македонија и пошироко. Во најтешките денови за македонските медиуми, тимот на ЦИВИЛ, во соработка со граѓанските новинарки и новинари, создаде релевантна, слободна и отворена медиумска платформа која секојдневно придонесува кон демократската трансформација на општеството.

Неодамна, ЦИВИЛ во јавноста претстави препораки за подобрување на состојбата на медиумите и медиумските слободи, во обид да придонесе кон важните процеси започнати во оваа сфера.

Препораките на ЦИВИЛ доаѓаат во време критично за слободата на изразувањето и медиумските слободи. Ова е период кога се манифестираа голем број слабости на институциите, но и на општеството, со недоволно решителната транзиција на моќта и бавната трансформација од заробено во слободно општество. Ова е време кое можеме да го означиме како институционално и општествено лимбо во кое се заглавени и спротивставени потребите и надежите од една страна и тегобната реалност на состојбите, инертноста и старите навики од друга страна.

ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден за слобода на печатот, повторно ги нагласува и ги упатува своите препораки кои се резултат од искуството низ годините, како и низ комуникацијата со бројни новинарки и новинари, уреднички колегиуми, Здружението на новинарите на Македонија, експерти и активисти.

1. Мора да престане неказнивоста на оние што на било каков начин ја загрозуваат слободата на изразувањето и медиумските слободи! Новинарките и новинарите мора да бидат максимално заштитени од уцени, притисоци и напади!

2. Јавниот сервис мора конечно да ѝ се врати на јавноста, а сите одговорни за ерозијата на медиумските слободи да се соочат со правни последици.

3. Да се спроведат демократски и транспарентни мерки за зајакнување на независноста на медиумското регулаторно тело (АВМУ), а телата за медиумска саморегулација да добијат соодветна поддршка од институциите на државата, без условување и коруптивни потези.

4. Политичките партии, институциите на локално и национално ниво и бизнисот мора да ја почитуваат слободата на изразувањето и медиумските слободи, соодветно на уставните, законските и меѓународните правни норми и стандарди.

5. Законската регулатива мора да се хармонизира со потребите на медиумите од саморегулација. Законите кои ја регулираат медиумската сфера мора да се во чекор со времето и потребите на граѓанките и граѓаните, а не на центрите на моќта, односно да бидат општествено одговорни и вистински артикулатори на јавниот интерес.

6. Финансиската независност на медиумите е услов за медиумските слободи, но и за слободата на изразувањето во целост. Коруптивното влијание на политичките и бизнис центрите на моќ треба да се идентификува и спречи со законски мерки и максимално почитување на професионалната етика. Новинарките и новинарите мора да бидат платени соодветно на нивниот труд.

7. Мора да се креира овозможувачки амбиент во општеството во кој слободата на изразувањето, медиумските слободи и активното граѓанство се третираат како ресурси на општеството и државата за демократски развој и владеење на правото, а не како непријателски напади.

8. Мора да се води сметка за образованието и обуките за подобрување на вештините на новинарките и новинарите кои ќе бидат во согласност со новите технологии и новите глобални трендови во медиумите.

9. Изминатиот период бележи подобрување во доменот на соработката меѓу граѓанското општество и медиумите, но тоа ни оддалеку не е на потребното ниво. Постои многу неискористен простор за суштинска и содржајна соработка меѓу двата сектори, особено ако се земат предвид глобалните трендови во оваа сфера.

10. Насочување на донаторската заедница кон суштинските потреби на медиумите за деполитизација, професионализација и независно работење.

Tags: Медиумимедиумски слободиМеѓународен ден за слобода на печатотслобода на медиумиЦивил
Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ