• Latest

Стопирање на сите градежни активности во Охридското подрачје

April 20, 2018
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стопирање на сите градежни активности во Охридското подрачје

April 20, 2018 14:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку еколошки здруженија испратија допис до претседателот на Владата Зоран Заев и од него бараат да се прогласи мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион.

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест се повикуваат на извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од 2017 година во која се препорачува Република Македонија да воведе мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион.

Според нив, препораката за прогласување на мораториум била во групата итни мерки што Владата требаше да ги спроведе до 1 февруари годинава, но тие сметаат дека препораката била целосно игнорирана од страна на Владата во Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО.

Тие посочуваат дека Владата не само што ја испочитувала препораката, туку на својата 53-та седница одржана на 6 февруари усвоила информации кои се однесуваат на активности во Охридскиот регион, а кои предвидуваат крајбрежни трансформации на Охридското Езеро.

Алармирани од усвоените информации тие денеска бараат итно воведување мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион, истовремено укажувајќи на примери за активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО, како продолжување на изградбата на спорниот хотел во Лагадин, тампонирање, уништување на трската и поставување на бетонска основа во строго заштитениот крајбрежен појас.

„Бараме од Владата на Република Македонија во најбрз можен рок, не подоцна од 30 дена,  да прогласи мораториум за сите крајбрежни и урбани трансформации на територијата на Светското природно и културно наследство – Охридскиот регион. Очекуваме Владата да ги напушти одамна застарените концепти за развој кои јасно покажаа дека завршуваат со деструкција токму на вредностите кои се основа за одржлив економски развој, односно недвосмислена определба за заштита на нашето најголемо национално природно богатство, во согласност со современите економски и еколошки стандарди, се наведува во нивниот допис.

Здруженијата потсетуваат и на скорешниот извештај за напредокот на Р.М. од Европската комисија во кој се бара централната власт да ги почитува обврските за заштита на природата.


Извор: МИА

Tags: барањеекологијаОхридско Езеро
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ