• Latest

Стојчески: Вработените во културата се под постојан мобинг, се плашат и од сенки!

December 6, 2016

(Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

April 19, 2026

Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

April 19, 2026

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Стојчески: Вработените во културата се под постојан мобинг, се плашат и од сенки!

December 6, 2016 18:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Години на културно назадување, без можност за креативно и слободно изразување, проследени со притисоци и мобинг на културните работници, со непочитување на нивните работнички права и медиумска затвореност…, се дел од проблемите кои ги истакна Александар Стојчески, член на раководството на Синдикатот на Македонската Опера и Балет, во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

„Во голема мера ни е скратен медиумскиот простор каде ние би ги изразиле своите проблеми. Во последниве години, чувствуваме голем притисок, на некој начин, чувствуваме задушување, можеме да се изразиме онака, како што ние на моменти мислиме дека треба. Иако ние работиме во институции кои имаат своја уредувачка политика, сепак, многу често се случува да можеме да го покажеме или изразиме она што или ни е наметнато, или е само добро да се слушне, или да се презентира за некого во јавноста… За еден уметник да може да креира или за луѓето кои се вработени во културата, да можат да си ја креираат својата професија и своето работно место, сепак, им треба многу поголема слобода од таа што ние ја имаме во последниве години“, изјави Стојчески за ЦИВИЛ Медиа

ЦИВИЛ Медиа: Колку синдикатот на културните работници може да придонесе во заштита и почитување на работничките права? Дали постои социјална правда?

СТОЈЧЕСКИ: Во изминативе години, најпрвин бевме Синдикат на сценско-музички работници, а потоа, се донесоа обемните измени на Законот на култура во 2014 година, во оној, пакет на 147 закони во еден ден, по брза постапка. Тоа беа навистина обемни измени. По тој момент, некако ни се скрати можноста да ја постигнеме социјалната правда, да ги браниме нашите вработени, бидејќи законите сами по себе, како Законот за работни односи, Законот за култура, во најбитните точки се судираат еден со друг и се контрадикторни. Во голема мера ни е скратено правото. Ние комуницираме и контактираме со многу правници и адвокати и овие стручни лица велат дека ова не може никој да го протолкува како што треба, затоа што законите се во судир. Правото и можноста да ги одбраниме нашите луѓе е навистина, сведено на минимум. Така што, и во тој дел чувствуваме притисок. Има луѓе кои што се членови на нашиот синдикат, и ќе речат: па добро, вие како синдикат, не можете да не заштитите. Потоа, ние мора секому поединечно, или по групи, да им објаснуваме, да им го покажуваме законот, да им го толкуваме…, и тоа се навистина огромни проблеми. Ние не можеме да си ја завршиме нашата работа, како синдикат во целост.

ЦИВИЛ Медиа: Каков е третманот на уметниците? Колку се тие подложни на злоупотреби? Колку се злоупотребува нивното право во политички контекст? Што се се ветува и колку од тоа се остварува?

СТОЈЧЕСКИ: Од она што го гледаме по медиумите, од она што го гледаме на терен, сфаќаме дека одредени институции, мислам на градбите, се така изградени… Не би навлегувал сега, во нивниот квалитет, зборувам од професионален аспект, уметниците и луѓето кои работат во културата, имаат чувство дека сé она што е направено, или огромен дел од тоа што е направено, се прави само поради лична реклама, за да може некој друг од страна – тоа да го види. Меѓутоа, нашите права и нашите услови за работа се на многу лошо ниво! Условите во кои ние работиме, просториите, салите, инвентарот во многу институции, се многу лоши. Сеедно дали се работи за конзерваторски центри, за локалитетот Стоби, или каде и да се луѓето на терен, скратени им се теренските дневници, со антикризни мерки кои што секоја година се донесуваат… Еве, јас конкретно, како дел од Македонската Опера и Балет, како уметник кој работи во таа институција, често патувам низ градовите во Македонија, и за тоа ништо не ни е платено. На времето, тоа беше сосема нормално и за таа тема воопшто не се дискутираше. Сега, проблем е дури и кога дискутирате за тоа. И ние, веќе насекаде го чувствуваме тој притисок. Навистина е убиствено за еден уметник и за човек што работи во културата, да му забраните да комуницира, да му забраните да побара услови во кои што ќе може да ја искаже својата креација. И културата и уметноста се тоа што се, само заради тоа што комуницираат со публиката. Доколку не комуницираат, нема да постои ниту култура, ниту уметност.

ЦИВИЛ Медиа: Што треба да направат институциите, синдикатите и колку граѓанското општество може да придонесе за да се направат некои промени во иднина?

СТОЈЧЕСКИ: Граѓанското општество може да придонесе најмногу. Во последниве неколку години, особено откако се донесени овие обемни измени на Законот за култура, кои се навистина рестриктивни (треба да се плашите само од казни, само од деградации и од ред други работи), на многу наши директори им е ускратено правото да направат нешто повеќе за нас. На крајот, сé се сведува на кревање раменици и објаснување дека таков е законот, „ние мораме да направиме таква систематизација, бидејќи ако не го направиме тоа, нашата институција ќе биде казнета“. И самите директори често се немоќни да се справат со тоа. Не ги оправдувам, затоа што, на крајот на краиштата, секој има право да си даде оставка. Но, сметам дека граѓанскиот сектор може да направи најмногу. Ние, како синдикат, направивме неколку протести пред Министерството за култура, имавме безброј состаноци со ресорната министерка, но ни состаноците, ни протестите не вродија со плод. Комуникацијата со нас не дека е сведена на минимум, туку воопшто, ја нема. Токму од „нашата“ министерка ни беше сугерирано да бидеме „окрупнети“ како синдикат, за да можеме паралелно да преговараме со СОНК. Значи, да преговараме заедно со СОНК и да бидеме некаков фактор во донесувањето на законските решенија. Ние рековме – во ред, но кога почнавме да го зголемуваме бројот, кога почнаа да доаѓаат многу синдикални организации, да се отцепуваат од СОНК и да се приклонуваат кон нашиот Синдикат, т.е. да поднесуваат барања, во тој момент, започна и најголемиот притисок од Министерството за труд и социјала, каде што нашите документи беа заборавани, беа оставани во фиоки, криени, и синдикати кои сакаа да се приклучат кон нас, не можеа воопшто да се приклучат. Тоа траеше околу 10-11 месеци. Законот стриктно нагласува дека тоа треба да се случи во рок од 30 дена, а ние не можевме ни во рок од 11 месеци да го направиме… Потоа, имаше директори на институции кои ги собираа своите вработени на состаноци, каде им беше кажувано на вработените да се приклучат кон СОНК. Значи, замислете, директор ги врбува своите вработени да се приклучат во одреден синдикат?! Тоа го нема никаде! Беа испраќани пораки до вработените во одредени институции. Пораките беа препраќани до нас, да видиме како нивните раководители се однесуваат и што прават. Тоа беше еден вид притисок и мобинг, а на крајот не можете да го изразите своето незадоволство. Затоа што, ако сакате да организирате штрајк, денвниците ви се укинати, немате никакви права, ќе има бркање од работа…

ЦИВИЛ Медиа: Има ли надеж дека нешто ќе се промени во следниот период?

СТОЈЧЕСКИ: Па, како не! Има шанси да се промени, но она што јас лично можам да го видам е дека луѓето се плашат од сенки! Ништо не е толку страшно, ништо не е толку опасно, нормално, особено, компетентните луѓе немаат од што да стравуваат… На крајот на краиштата, можеби правдата е бавна, но таа ќе дојде. Нема од што да се плашат! Ако треба нека излезат на протест, нека ги изразат своите ставови во интервјуа, нека ги изразат своите ставови пред своите институции, пред своите раководители… Ништо од тоа не е страшно, ништо нема да се случи! Еве, ние сме, исто така, дел од сите луѓе во општеството, кои што излегуваме и ги соопштуваме нашите ставови. Не е дека нема притисоци врз нас, но сето тоа може да се издржи.  Ако сме заедно, ако сме помногубројни, нашиот глас не може да биде игнориран до таа мера! Јас само би ги охрабрил нашите луѓе да комуницираат. Ние, како уметници, сме задолжени да комуницираме со публиката и ќе го правиме тоа до крај. Ако не сум јас, ќе биде некој друг на мое место. Но, не можете да му го скратите правото никому – да комуницира. Човекот единствено самиот, може да си го ограничи тоа право и да си го згазне својот личен интегритет!

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Tags: Александар СтојческиКУЛТУРАМинистерство за култураМОБпритисоциСОНКстравуметностЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ