Во ЕУ Инфо центарот, во тек е конференцијата „Странски инвестиции: Митови и реалност“, во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки, .
На првата панел дискусија „Владини политики за привлекување странски инвестиции“ говорат Александар Јанев од Балканската истражувачка репортерска мрежа, Бранимир Јовановиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки, Марјан Николов од Центарот за економски анализи и Горан Мојаноски од Здружение на млади аналитичари и истражувачи.
На втората панел-дискусија „Работни услови и работнички права во странските инвестиции“, покрај Бранимир Јовановиќ, ќе говорат: Марија Џонс од Движењето за социјална правда „Ленка“, Соња Стојадиновиќ од Левичарското движење „Солидарност“, Александар Колеќески од Македонскиот центар за европско образование и Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Настанот е и промоција на студијата на Бранимир Јовановиќ – „Вистинската цена на евтината работна сила“ (Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија 2007 -2015), спроведена од Институтот за општествени и хуманистички науки.
Студијата е поддржана од фондацијата „Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe“.