• Latest

Странски медиуми наседнаа на дезинформациите на Инфомакс за автобуската трагедија во Бугарија

December 2, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Странски медиуми наседнаа на дезинформациите на Инфомакс за автобуската трагедија во Бугарија

December 2, 2021 09:59
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 23 ноември, Инфомакс објави напис со наслов – „30.000 петарди и еден тон нафта се швepцувале во автобусот на „Беса Транс“ кој однесе 45 животи?“. Постот на Фејсбук страницата на Инфомакс, кој содржи линк до написот, Вистиномер го оцени како невистинит, а компанијата Фејсбук ја означи објавата на Инфомакс како „лажна информација“, проверена од независни проверувачи на факти.

Во рецензијата на Вистиномер со наслов„Не е точно дека во автобусот на „Беса-транс“ се шверцувале еден тон нафта и 30 илјади петарди“, се вели: „Во написот којшто е споделен во постот, се изнесуваат непроверени и неофицијални информации, а медиумот се повикува на „информации од истрагата“.

Ваквите шпекулации допреа дури и до странскиот печат, па така „Дејли мејл“ ги пренесе наводите на „Инфомакс“, дека пожарот започнал на предниот дел на автобусот откако експлодирале 30.000 петарди складирани во багажот. Следниот ден, пак, „Дејли мејл“, повикувајќи се на службени извори, се коригираше, истакнувајќи дека истражителите не веруваат во такво сценарио и дека таквите информации се најверојатно невистинити.“, известува Вистиномер.

Освен овој случај, објава со сензационалистички наслов „Трагедии – Автобусот на смртта во Бугарија шверцувал керозин и 30.000 петарди“, која ги пренесува дезинформациите на Инфомакс осамна и на популарниот сараевски портал Радиосарајево.ба.

Сепак, за разлика од овие написи, проверката на „Вистиномер“ не се потпира шпекулации, туку на изјави на бугарски и македонски официјални лица кои потврдуваат дека наводите на Инфомакс не се точни. Но, Инфомакс, за разлика од британскиот Дејли мејл, не ги коригираше изнесените невистини.

При ваквите несреќи најдобро се гледаат разликите кај медиумите. Професионалците признаваат грешка и се коригираат, а непризнавањето грешки и ширењето дезинформации е одлика на непрофесионалците, кои со тоа покажуваат непочитување и потценување на нивната публика. Овие разлики секогаш испливуваат на површина при вакви несреќи, и се поука дека само вистината е состојка што на долг рок ја гради довербата и почитта меѓу медиумите и публиката.

 

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ