• Latest

Стратешкиот совет на МНР: Одлуката да се прими првата група на лицата кои имаат потреба од хуманитарна заштита е исправна и важно за нашата меѓународна позиција

September 3, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стратешкиот совет на МНР: Одлуката да се прими првата група на лицата кои имаат потреба од хуманитарна заштита е исправна и важно за нашата меѓународна позиција

September 3, 2021 18:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тоа што се случува во Авганистан, но и сите други геополитички поместувања покажуваат дека непредвидливоста останува главна карактеристика на меѓународен план. Исправна е одлуката да се прими првата група на лицата кои имаат потреба од хуманитарна заштита, бидејќи сме членка на НАТО и е важно во исцртување на нашата меѓународна позиција. Сепак, постои можност за појава на нелегална миграција и опасност од криумчарење, па контролата ќе мора значително да се зголеми.

Ова беше заклучокот од денешната тематска дискусија која министерот за надворешни работи Бујар Османи ја водеше заедно со членовите на Стратешкиот совет на МНР, а е поврзана со случувањата во Авганистан, комплексноста и далекусежноста на импликациите предизвикани од оваа криза, кои би се рефлектирале и врз нашата земја.

Министерот Османи на дискусијата потсети дека веќе е пристигната првата група на цивили од Авганистан а се очекува во наредните денови да пристигне и друга група. Ова, како што рече, е дел од нашата солидарност меѓутоа и нашиот придонес во ваква заштита, имајќи ја в предвид и хуманата дејност.

– Досега имаме дадено согласност на 750 барања, пред сè на меѓународни организации кои работеле со нас. Кога велам „нас“, мислам на НАТО, затоа што ние сме сега НАТО, и децата и жени во Авганистан чии живот не по нивна вина беа загрозени, ние одлучивме да одобриме 750 барања за привремено згрижување во нашата држава, сè додека не се процесуираат нивните документи. Првата група пристигна, очекуваме во наредните денови да пристигне и другата, рече Османи.

Тој напомена дека тоа што се случува во Авганистан, но и генерално сите геополитички поместувања покажува дека непредвидливоста останува главна карактеристика на меѓународен план, а како што рече, непредвидливоста носи голем број на кризи.

– Дали се тоа можни хуманитарни кризи дали се тоа бегалски бранови, дали се мигрантски текови, дали се терористички закани, дали е тоа насилен екстремизам. Но сè се тоа потенцијални можни кризи кои можат да излезат како резултат од оваа непредвидливост и несигурност поради овие геополитички процеси. И мислам дека државата треба да се постави во смисла на дефинирање на едно стратешко антиципирање и зголемена хибридност за да може да одговори на овие предизвици, додаде Османи.

Тој посочи дека можеби не сме голема и моќна држава за да влијаеме на тие текови, но сме една од 30 членки на НАТО и следни претседавачи на ОБСЕ, затоа смета дека имаме многу што да придонесеме во тој дел, но се разбира и превентивно да делуваме во смисла на регионалната и националната безбедност.

Поранешниот амбасадор во НАТО и универзитетски професор, Нано Ружин во своето обраќање истакна дека често се прават одредени грешки и треба да се разликува меѓу регуларните бегалци, овие 125.000 кои од Кабул беа пренесени кон останатите земји и оние кои нерегуларно излегуваат од земјите.

Тој посочи дека од друга страна Талибанците имаат околу 10.000 евра во банките во САД, што дава можност на одреден начин да бидат веднаш дисциплинирани ако почнат грубо да нарушуваат права или убиваат масовно.

Ана Крстиновска посочи дека едно од најсериозните прашања за кои во моментов државата треба да размислува не е само мигрантската криза, туку и десетгодишната стратегија.

– Ние имаме искуство со примање бегалци уште од Косовската криза па наваму, меѓутоа имам впечаток дека и покрај 2015 година, кога бевме една од транзитните земји, немаме нешто многу научено во однос на тој стратешки пристап. Државата подготвува на секој пет години, резолуција за мигрантска политика што ја усвојува Собранието меѓутоа тоа е документ што останува во голема мера на хартија и нема некои, според мене практични импликации во однос на креирањето политики. Мислам дека ова е моментот кога тоа треба да се промени, истакна таа на денешната дебата.

Културниот шок што треба да се разбере, Ризван Сулејмани вели дека е пораката што ја даде претседателот на САД, Џо Бајден кој истакна дека заврши една ера, каде што САД и Европа се носители на една идеја на либерализмот и либералната демократија што ќе може да се применува секаде.

Според Сулејмани, тоа покажа дека не сите културни средини и религиозни средини се спремни таа вредност да ја прифатат и тоа е завршеток на една ера и една нова ера што следи.

– Додека зборуваме за „Стратегијата 2030“, треба да дадеме објаснување на што треба да се заснова таа. Според мене, таа стратегија во нови околности во кои ќе треба да научиме да живееме, ја содржи пораката од конференцијата во Охрид. Прва и најважна работа е општ консензус, дали државата ни е пред сè. За да тоа опстане, симболот на внатрешната кохезија е Охридскиот рамковен договор. За да бидеме имунизирани од надворешни влијанија мора да го заштитиме првиот круг, а тоа се соседите што на некој значи симболично го означивме со Преспанскиот договор. И конечно четвртиот круг треба да биде тоа што сме дел од НАТО и ЕУ, за да се справиме со сили за кои ние немаме капацитет како држава, истакна Ризван Сулејмани.

Драган Тилев, државен советник за европски прашања, во своето обраќање на денешната дискусија посочи дека комплексноста, компликациите и сите моментални случувања во Авганистан влијаат и врз нашата држава, некои посредно, некои директно, но според него, и едните и другите бараат исклучително сериозен пристап.

– Ја поздравувам одлуката да се прими првата група на лицата кои имаат потреба од хуманитарна заштита, па дури таа била и времена, иако тоа времено може понатаму да се дискутира и анализира, дали тоа ќе остане привремено или може да се трансформира и во нешто друго, рече Тилев.

Според Тилев, ние сме зрела држава, имаме механизми но и сè што е потребно да ги примиме лицата од Авганистан, но важно е тоа да го сториме и заради тоа што имаме обврски како држава според меѓународните акти, со кои сме пристапиле.

На подолг рок, како што рече, ќе треба да се изгради една поиздржана анализа или план како ќе пристапиме доколку постои можност да станува збор за прием на 120, 150, 500 или 700 лица, и дали тие ќе бидат привремено или подолго присутни кај нас.

– Одлуката е исправна од аспект на нашата обврска како членка на НАТО, но и односи со нашите стратешки партнери, додаде тој.

Тој напомена дека ќе се зголемува и притисокот на нелегална миграција, тоа значи, дека имаме опасност од криумчарење и од притисок преку нелегалните форми на нелегална миграција. Со нелегалната миграција, како што рече, рака под рака секогаш оди и организираниот криминал, и сето она што го прави ова толку опасно од безбедносни аспекти, што значи дека таа контрола што треба да ја воведеме ќе мора значително да се зголеми.

Состанокот е продолжение на серијата настани во рамки на проектот на Министерството за надворешни работи, „Рефлексија 2030“, чија крајна цел е изработка на долгорочна Стратегија за надворешна политика

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ