• Latest

Стеријовска: „Доаѓа нова епоха за граѓанскиот активизам!“

June 14, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стеријовска: „Доаѓа нова епоха за граѓанскиот активизам!“

June 14, 2017 15:58
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Децентрализацијата на моќта е првото нешто, за кое ние, како граѓани, мора да се избориме!“, порача Ирена Стеријовска, режисер и граѓанска активистка, учесник во Шарената револуција, во своето излагање на конференцијата „Општество без граници“, што во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода се одржа вчера во хотелот „Сити парк“ во Скопје.

„Она што ни се случи изминативе 10 години ја руинираше, буквално секоја здрава клетка во општеството. И она што нам треба да ни се случи – е колективно учество во ревитализацијата на општеството. Сегашниот управувавчки тим, условно кажано, мора да ја олабави централизираноста на  моќта. Тоа беше во нашите идеи, а беше и во политичката програма на, сега веќе, Владата. Тоа не може да се направи веднаш, но не треба ни да се купува време и да се оставаат работите, нерешени… Доаѓа нова епоха за граѓанските активисти. Ние веќе сме свесни дека доколку понудиме одредени концепти, доколку се избориме за некакви права, за нешто што ние сметаме дека треба да го уживаме, веќе знаеме дека можеме да го оствариме тоа. Но, веќе треба да бидеме будни и иновативни“, оцени Стеријовска.

„Најверојатно, вистинската и логична дефиниција за социјална правда е создавање баланс меѓу поединецот и општеството. И тоа хармонично да функционира. Во моментов, во Македонија се случува посткулминативно граѓанско освестување, коешто треба да остане активно и будно, не само поради коригирање на она што е веќе направено, туку и поради носење иновативни концепти“, смета граѓанската активистика Стеријовска.

„Клучот на она што се нарекува одржливо општество, според мене, и како уметник и како граѓански активист, е – лекцијата што ние граѓаните, треба да ја научиме за самоорганизирање, како секој човек може да го подобри својот микросвет, а со тоа и општеството!“, рече Стеријовска како панелистка на конференцијата „Општество без граници“.

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

[divide]

Изјавата на конференцијата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучувањ

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Општество без граници“граѓански активизамдецентрализација на моќконференцијаодржливо општествосоцијална правдаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result