Студентите кои имаат потреба да ги посетат студентските домови со цел да подигнат дел од личните работите кои ги имаат оставено можат да го направат тоа во следните 4 дена почнувајќи од денес, во определен временски интервал согласно вонредниот полициски час и дополнителните ограничувања во слободата на движење, информира директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски.
Посетите ќе се одвиваат во:
-Вторник од 12:00 до 16:00 часот
-Среда до Петок од 09:00 до 13:00 часот
Оваа одлука се носи поради бројните барања на студентите и нивните потреби. Напоменуваме дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките односно да се носат маска и ракавици додека при посетата на домовите студентите ќе бидат пуштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дезинфекција на објектите, информира Николовски.
По истекот на рокот, домовите ќе бидат затворени се до донесување на позитивна одлука односно продолжување со престојување, иселување поради карантин или завршување на студиска година.
Студентите кои ги користат капацитетите на студентските домови ќе бидат ослободени од партиципација за периодот прогласен за вонредна состојба.
П. К.