• Latest

Студија: Минатата година, повеќе од 60.000 Европејци починаа од високи температури

July 10, 2023
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Пратенички прашања денеска во Собранието

June 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Мировните посредници во Газа ги интензивираат напорите за прекин на огнот

June 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV Kenya

Најмалку осум лица загинаа, а стотици се повредени во судирот на демонстрантите со полицијата во Кенија

June 26, 2025
Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Трамп сигнализира повеќе ракети „Патриот“ за Украина по разговорот со Зеленски на самитот на НАТО

June 26, 2025
NATO Secretary General Mark Rutte and  NATO Heads of State and Government/ nato.inf

Пет клучни заклучоци од Самитот на НАТО во Хаг

June 25, 2025
Фотоизвор: Социјални мрежи

(ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

June 25, 2025

24 ЧАСА: Доживотни казни за убијците на Вања и Панче; Зеленски алармира – Путин не сака да ја запре војната; Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат по 5% од БДП за одбраната

June 25, 2025
Фото: мета.мк / Ванчо Џамбаски

РЕАКЦИИ: Жесток говор на омраза, анатеми, закани и хомофобични коментари од граѓаните за Скопје Прајд

June 25, 2025
Фото: НАТО

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година

June 25, 2025
Зеленски на Форумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг. Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Зеленски: Путин не сака да ја запре оваа војна

June 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Студија: Минатата година, повеќе од 60.000 Европејци починаа од високи температури

July 10, 2023 20:07
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 61.000 луѓе веројатно починале во Европа минатото лето како последица на екстремно високите температури, покажуваат резултатите од новото истражување што сугерира дека напорите на европските земји да се подготват за екстремни горештини толку многу се неуспешни што завршуваат како фатални, пишува Гардијан.

Студијата на научници од неколку европски здравствени институти укажува дека повеќе од 61.600 жители починале од последици поврзани со топлината во 35 европски земји од крајот на мај до почетокот на септември 2022 година за време на најжешкото лето досега забележано во Европа.

Студијата, чии резултати беа објавени денеска во списанието Nature Medicine, открива дека медитеранските земји, како Грција, Италија, Португалија и Шпанија, забележале највисока стапка на смртност во однос на бројот на жители.

Медитеранот е под влијание на процесот на дезертификација, па топлотните бранови во текот на летните месеци се засилуваат токму поради вакви сушни услови, вели коавторката на студијата, Џоан Балестер, професорка на Институтот за глобално здравје во Барселона.

Во текот на минатото лето, кога европските земји беа зафатени од бројни и интензивни шумски пожари и големи суши, во јули Португалија забележа највисока температура од 47 степени Целзиусови, што е нешто помалку од најжешката температура забележана во таа земја, која изнесуваше 47,3 степени во 2003 година. Во апсолутни бројки, најмногу смртни случаи поради горештините и топлотните бранови се регистрирани во Италија (18.010), Шпанија (11.324) и Германија (8.173).

Имајќи предвид дека климатските промени предизвикани од човековата активност ги зголемуваат температурите, топлотните бранови стануваат се почести и поинтензивни. Екстремно високите летни температури може да бидат фатални бидејќи често предизвикуваат топлотен удар или ги влошуваат постоечките кардиоваскуларни и респираторни заболувања, а меѓу најранливите се повозрасните лица.

Г. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 2022 годинависоки температуриЕвропапочинати
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ