„Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“, е проект на Владата на Република Македонија за да им помогне на студентите. До 31 мај годинава треба да бидат изготвени законските и подзаконските акти за имплементација на проектот.
Проектот помина на владина седница и предвидува субвенции за оброк, автобуска карта, карта за театар, книга и други услуги по избор на студентот во текот на денот, а плаќањето ќе се врши преку мобилен телефон или дигитална студентска картичка.
Законот треба да го подготви Министерство за образование и наука, а вклучени ќе бидат и министерствата за информатичко општество, за труд и социјала, за финансии и за економија, Генералниот секретаријат и Кабинетот на министерот без ресор за подобрување инвестициската клима за домашни компании, Зоран Шапуриќ.
Ваков прокет, повеќе од 10 години успешно се спроведува во Словенија.
„Од страна на тамошните институции постои согласност и поддршка за имплементирање на проектот и во Република Македонија со одредени прилагодувања согласно финансиските можности на земјава. Воедно, постои согласност за техничка поддршка и асистенција од Влада на Словенија за реализација и имплементација на овој проект во Македонија“, наведува владината прес-служба.