• Latest

Студентски пленум: Законите брзоплето се менуваат, па не се спроведуваат!

August 24, 2016

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Студентски пленум: Законите брзоплето се менуваат, па не се спроведуваат!

August 24, 2016 13:03
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Кога веќе се расправа околу Законот за студентски стандард, треба да се зборува за подобрување на законот, во делот на состојбата во студентските домови, на подобрување на животниот стандард, на задолжителната пракса и на нејзиното спроведување во пракса – е став на Студентскиот пленум, во врска со предлозите за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кои се на дневен ред на денешната собраниска седница. Конкретно, пратениците денес ќе расправаат за воведување на категоријата студент-тутор.

14080082_918126224983595_9117714901706686239_n

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ивана Туфегџиќ за очекувањата на Студентскиот пленум од измените за Законот што треба да ги изгласа Собранието, а кои се однесуваат на подобрување на студентскиот стандард.

Ивана Туфегџиќ

„Воведување на категорија студент-тутор, е нешто што постои во европските земји и Македонија како и досега, сака да препишува закони од странство, без притоа да има начини како да ги спроведе. Студент-тутор како идеја е во ред, но реализацијата е тоа што претставува проблем, и најверојатно, во тој дел, повторно ќе потфрлиме“, смета Туфегџиќ, која е убедена дека е потребна посеопфатна и посериозна анализа за тоа колку ќе биде подготвена универзитетската јавност за спроведување на овие реформи, и за воведување на категоријата студент- тутор.

„Примерите покажуваат дека често се менуваат закони, а реализацијата, особено во високото образование, е многу слаба. Дополнително, често имаме и законски измени кои се без никаков основ, кои се брозоплети, не се доволно анализирани, донесени се без консултација со стручната и експертска јавност и без консултација со студентите. Тоа придонесува за нивното тешко спроведување во пракса, но и за севкупно, лоши законски решенија“, вели Туфегџиќ.

Идејата за студент-тутор Министерството за образование ја претстави во мај оваа година, кога беше промовиран проектот „Интерактивен портал за тутори“, што треба да започне да се реализира во септември. Како што наведуваат од Министерството, студенти – волонтери, на доброволна основа ќе се пријавуваат и ќе обезбедуваат бесплатни, дополнителни часови по соодветни предмети за учениците од основното образование (од шесто до деветто одделение) и од средното образование.

М. Теговска

Tags: законски измениМакедонијаобразованиепраксастудент туторстудентски стандардЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ