• Latest

Судењата на политичарите ќе чекаат разврска на изборната трка!

November 22, 2016

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Судењата на политичарите ќе чекаат разврска на изборната трка!

November 22, 2016 18:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одложени судењата за случаите против Заев и Демири, нема мерки за претпазливост за Мијалков и Грујовски за случајот „Трезор„

Кривичниот суд во Скопје и денеска го одложи рочиштето на судскиот процес за случајот „Поткуп” во кој е обвинет претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој денеска изјавил дека неговиот адвокат, Ване Андреев имал проблеми со возилото, а останатите двајца од тимот на неговата одбрана, адвокати Филип Медарски и Јаким Наумов, биле отсутни „поради здравствени причини“. Судењето за случајот „Поткуп“ почна во јануари годинава, со повеќекратно одложување на рочиштата. Последен пат, судењето беше одложено на 22-ри септември, кога бранителите на Заев ја известиле судијката Дијана Груевска-Илиевска дека нивниот штитеник е на службено патување во Тирана, на состанокот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Следното рочиште е закажано на 2-ри декември, со можна алтернатива на 20-ти декември, по одржувањето на предвремните парламентарни избори.

zoran-zav-putch

Заев е обвинет дека како струмички градоначалник наводно побарал поткуп од 163.924 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, по 2 евра за квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов сакал да го приватизира, а средствата наводно, требало да бидат поделени и наменети за Заев и за изградба на црква во Струмица.

Денеска во Основниот суд Скопје 1 беше одложено и судењето против членот на Левица и кандидат за пратеник во Првата изборна единица, Мариглен Демири, обвинет за нанесување штета со кршењето на стаклата на Народната канцеларија на претседателот, Ѓорге Иванов, откако судијката Добрила Кацарска, на само десет минути пред судењето го добила вештачењето од Државното правобранителство, за утврдување на штетата.

13458594_989092617875874_7253211693375281178_o

Судењето е одложено за 24 јануари 2017, а според судијката се работи за неоправдано одолговлекување на рочиштата: „Државен правобранител да му прави трошоци на Судот со одлагања на рочишта е несериозно во најмала рака“. Адвокатот Сашо Дуковски пак, потенцираше дека се работи за вина „единствено на застапникот на државата, олицетворен во Државното правобранителство на Република Македонија. Не може, кога имате време од речиси два месеци, без два дена, да доставувате докази пет минути пред да почне рочиштето“. Левица излезе со став дека процесот против Демири е политички мотивиран, за да се изврши притисок од власта врз нејзините членови.

Основниот суд Скопје 1 денеска одби уште една жалба на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против решение на судија за претходна постапка за неопределување мерка претпазливост за тројца осомничени од случајот „Трезор“. Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение „со кое решението на судијата на претходната постапка се потврдува и жалбата на СЈО за определување мерки на претпазливост за сите три лица се одбива како неоснована“, се вели во одлуката. Во „Трезор“ се осомничени ексчелникот на УБК, Сашо Мијалков, ексначалникот на Петтата управа Горан Грујоски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и членот на УО на Телеком, Небојша Стајковиќ.

Tags: „Трезор“пучСЈОсудењеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ