• Latest

Судбината на Универзалната сала во рацете на советниците на ВМРО-ДПМНЕ

March 29, 2023

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Судбината на Универзалната сала во рацете на советниците на ВМРО-ДПМНЕ

March 29, 2023 16:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата да ја доизгради Универзална сала, а потоа да му ја врати на користење на Град Скопје е целта на иницијативата на советничката група на СДСМ која е веќе поднесена до Советот на Град Скопје, а која ќе биде разгледувана на утрешната седница, пренесува Градска.мк.

– Имајќи ја во предвид важноста за што побрзо ставање во функција на Универзална сала, сметаме дека е нужно Советот на Град Скопје да донесе одлука за времено отстапување на корисничкото право на објектот од Град Скопје на Владата и тоа е согласно со Законот за користење и располагање на ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост и Законот за градење – се вели во иницијативата.

Според информациите на Градска.мк  со парите (два милиона евра) што ги даде Владата, досега се завршени некои од градежните интервенции на објектот, а потрошени се 40 милиони евра.

Со оглед на иницијативата која претходно на почетокот на месецот не беше поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, се градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Секторот за правни работи и Секторот за урбанизам и планирање во рок од седум работни дена од усвојувањето на иницијативата треба да подготват предлог-одлука за времено отстапување на корисничкото право на објектот Универзална сала до Град Скопје на Владата и да му ја достават на Советот на првата наредна седница на усвојување.

Претходно Арсовска најави дека нема пари за реконструкцијата на Универзална сала и дека ќе побара од Советниците да и дозволат да земе кредит од 5 милиони евра.

Од Министерството за култура истакнаа дека ќе почекаат да видат дали ќе помине иницијативата на седницата на Советот на Град Скопје за да можат да се изјаснат што понатаму.

Во ноември минатата година, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, по средбата со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на која присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, изјави дека има целосна согласност од неа Министерството за култура да ја преземе Универзална сала. Но, набргу од Градот Скопје, преку соопштение, информираа дека ќе се изјаснат околу ова прашање откако ќе добијат официјално барање од Министерството.

– Се договоривме дека ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за тоа ќе ни се обрати Министерството со писмено барање, за што ќе се изјасниме откако ќе го добиеме официјалното барање. Универзална сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение, кое истовремено ќе биде и безбедно – стоеше во соопштението од Град Скопје.

Во февруари минатата година, градоначалничката Арсовска го припиша доцнењето на реконструкцијата на Универзална сала на грешки во проектната документација и опасност за безбедноста на граѓаните. Според неа, било предвидено да се постават новопроектираните конструктивни елементи врз трафостаница во рамки на постојниот објект, за која постои проблем да се дислоцира.

За внатрешноста на објектот, како што кажа Арсовска, од претходното раководство не бил оставен проект, а не биле префрлени ниту пари од Владата. Градоначалничката очекуваше Министерството за култура и Владата да дадат пари и за внатрешноста, бидејќи Универзална сала е капитален објект.

Универзална сала е затворена осум години откако почнаа да паѓаат парчиња од таванот.

 

Tags: владаГрад Скопјеуниверзална сала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ