Косовската полиција денеска го уапси пратеникот на Самоопределување, Албин Курти, кој воедно е и духовен лидер на ова политилитичко движење. По апсењето, следуваше судир на полицијата со приврзаниците на Самоопределување, при што полицијата употреби и солзавец.
Полицијата, освен Курти, ги уапси и Доника Кадај – Бујупи и Албулена Хаџиу, пратенички на Самоопределување, поради сомневање дека употребиле оружје и други средства за спречување на работата на собранието на Косово.
Апсењето е извршено по налог на Основиот суд во Приштина. Акцијата на полицијата за апсење на пратениците, според приштинските медиуми, е реализирана за време на влезот во собранието.
Пратениците на Самоопределување ја попречуваа работата на Парламентот во претходниот состав, спортивставувајќи се на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше потпишан во Брисел. Во тоа време, на договорот се спротиставуваше и Алијансата за иднината на Косово, чиј лидер е актуелниот премиер Рамуш Харадинај.
В.М.