Силите поврзани со новите владетели на Сирија се вклучија во тешки борби со борците лојални на соборениот претседател Башар ал Асад во крајбрежната област на земјата, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Ова е најголемото насилство во Сирија откако бунтовниците го соборија Асад во декември и воспоставија исламистичка преодна влада.
Групата за набљудување на војната, Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, соопшти дека се убиени повеќе од 70 луѓе.
Полициски час е воведен во пристанишните градови Латакија и Тартус, каде што избувнаа борбите.
Судирите започнаа кога владините сили беа нападнати од заседа за време на безбедносната операција во Латакија.
Испратено е засилување, а видеата објавени на интернет покажуваат силни пукотници на некои места.
Крајбрежниот регион е срж на алавитското малцинство и упориште на семејството Асад, кое припаѓа на сектата Алавити.
Проценките за бројот на загинатите во насилството варираат, а Би-Би-Си не може самостојно да ги потврди.
Доцна во четвртокот, сириската новинска агенција Степ објави дека силите на владата убиле „околу 70“ поранешни борци на режимот, додека повеќе од 25 други биле заробени во Џабле и околината. Има извештаи и за судири во градовите Хомс и Алепо.
Д. Мишев