• Latest

Судот ги ослободува криминалците, а ги казнува Шарените револуционери

February 23, 2018
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судот ги ослободува криминалците, а ги казнува Шарените револуционери

February 23, 2018 23:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изрази на непријатно изненадување, револт и осуда предизвикаа информациите за решенија за казни против Ирена Стеријовска и Љуми Беќири, за учество во Шарената револуција. Тоа го дознавме денеска од нивните Фејсбук профили. Ирена на својот профил објави фотографија од пресудата и изрази индигнација во поглед на ова решение со следниот текст:

„Денес го добив шестото по ред розево пликце поточно решение за сторен прекршок за кој треба да платам казна во износ од 100 евра. Првите пет се за фрлање боја на згради, фонтани и објекти од јавен интерес и тоа го прифаќам и го правев со цела одговорност за последиците. Она што денес ми стигна е решение за сторен прекршок за “викање, карање и недолично однесување” на кабаре претставата Лисистрата во 2015 г. во Театар Комедија и со целосна одговорност и во трезвена состојба изјавувам дека не го прифаќам а ќе објаснам и зошто.

Најпрвин малце театарска навигација…

Претставата на која се изведе протестниот перформанс за која патем уредно купивме карти беше рекламирана и декларирана како КАБАРЕ претстава.

Имено, она што го прави кабарето посебно се неколку клучни карактеристики кои го одвојуваат од класичниот театарски израз. Кабарето најчесто е политички ангажирано, неговата естетика главно се темели врз цинизам, сарказам и иронија. Практика е претставата да ја води церемонијал мајстор, кој често комуницира со публиката. Важно е да се спомене дека во оваа форма секогаш се инсистира на губење на „четвртиот ѕид“ на сцената и директно инволвирање на публиката во дејствието. Ние баш тоа го направивме. Одговоривме на повикот од церемонијал мајсторката да направиме селфи со неа но се сликавме со амблеми на тогашното протестно движење #Протестирам кое тогаш се бореше против режимот на кој тогашната раководителка на Театар Комедија ака Лисистрата ака Јелена Жугиќ му слугуваше.

Судско решение против Ирена Штеријовска

Оттука не треба човек да биде којнае колкав познавач на сценските уметности за да процени дека во тој протестен перформанс ако воопшто нешто сквернавевме, ја сквернавевме нејзината партизираност како колмејкер во театарот и партизираноста на културата воопшто.
Ова го кажувам бидејќи наспроти решението за сторен прекршок за недолично однесување, нашата форма на протест беше добро осмислена и планирана до секунди темпирајќи во кој момент од претсавата да ја изразиме нашата форма на револт како би ја избегнале недоличноста и сквернавењето на театарот. Баш поради тоа што организаторите на тој протест се театарски писмени и почитувачи на светоста на сцената го избравме овој театарски начин да упатиме порака кон театарот, како активна и зрела театарска публика.

Иако имаме финансиски средства од донациите од Шарена Револуција со кои можеме да ја покриеме оваа казна јас одбивам тоа да го сторам. Ќе ги следам сите правни процедури кои ми следуваат со закон за да го обжалам ова решение.

Два милиони да собереме по 100 евра нема да успееме да го испереме срамот што претходните раководители на театрите во Скопје му го направија на театарот во Македонија воопшто.“

ЦИВИЛ – Центар за слобода изрази остар протест против непрекинатиот прогон против активистките и активистите на Шарената револуција.

„Очигледно е дека времето на диктаторчето и неговите слуги не е завршено. Судовите и други клучни институции сѐ уште се под команда на режимот за кој мислевме дека падна. Борбата продолжува!“ – изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

М.Л.

Tags: глобаИрена ШтеријовскаЉуми БеќирипресудаПротестирамшарена револуција
Share332TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ