• Latest
Војо Маневски

Судскиот предмет „Фокус-Нет – Телеком“ го става домашното судство на испит

July 26, 2024

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Судскиот предмет „Фокус-Нет – Телеком“ го става домашното судство на испит

July 26, 2024 07:30
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Македонското судство ја дотурка работата до работ. Еден предмет може да биде граница од која ќе се почне или неговото заздравување или пак  слободниот пад на системот кој потоа тешко се реформира.

Таа граница е кога правото е потребно да се темели врз правни институти и правила  наспроти политичкиот клиентелизам, а границата помеѓу правната сигурност и правната несигурност заснована врз моменталните интереси на различни центри на моќ. Тоа е границата меѓу демократско општество и транзициската творевина која се прпелка од анархичност до авторитарност. Тоа е разделница меѓу граѓанинот и поданикот како центар на правниот систем.

Типичен пример за ова е судскиот предмет „ФокусНет – Телеком“ , предмет  кој низ судските лавиринти започнува пред две децении. По спречувањето на работата на ФокусНет, нејзиниот сопственик Зоран Алексов почнува низ системот да ја бара правдата. Се обраќа до комисијата за заштита на конкуренцијата во 2003 г . Во 2012г комисијата носи решение со кое потврдува дека Фокус Нет е истиснат од  пазарот со монополско делување на Телеком. После две години и Вишиот Управен суд донел  пресуда со која конечно се потврдува претходната одлука на Управниот суд од 2013 г. Со тоа вината на Телеком е недвосмислено утврдена и во последната законска и судска инстанца. Во следниот чекор, според правната поука, странките се упатуваат во Основниот суд Скопје да се утврди нанесената штета врз ФокусНет.

Основниот суд  на 14.03.2017  дал налог за комбинирано вештачење од телекомуникациска и економска област до Националната групација за судски вештачења ДОО Скопје за да се утврди конечната штета која ја предизвикал Телеком. Дека нешто не „штима“ укажува упатството кон вештите лица вештачењето да се врши врз основа на реализираниот промет, иако со правосилна пресуда е утврдено дека ФокусНет бил спречен да работи. Логиката кажува дека основа мора да биде инсталираниот капацитет на мрежата кој во моментот на истиснување бил најмалку 14% од вкупниот капацитет во државата (и ова е докажано во текот на процесот – ФокусНет имал инсталирано 210 пристапни линии во момент кога во цела Македонија имало помалку од 1500).

И со дадените упатства, вештачењето утврдува дека уделот на ФокусНет  би бил 5,92% (наместо очекуваните 14%) или, според приложената документација, на ФокусНет Доо Штип по основ на изгубена добивка треба да му се исплатат 241,502,861 денари.

Кога на овој износ ќе се додадат и пресметаните законски камати за целиот период од моментот на настанување на штетата се доаѓа до износ од над 14 милиони евра. Но, овој износ и понатаму е далеку помал од оној што би требало да биде исплатен доколку се применил објективниот пазарен удел, износ кој со пресметани законски камати би изнесувал околу 35 милиони евра.

Игнорирајќи го вештачењето кое е прифатено од Основниот Суд во Скопје, Телеком порачува паралелно вештачење во кое учествува и Правниот факултет. Во рамки на процесот спротивно на законските рамки Телеком бара и ова вештачење Националната групација за судски вештачења ДОО Скопје да го земе во предвид и да го стави во својот финален документ и покрај тоа што е очигледно дека не е независно и има судир на интереси. ( Правниот факултет е државна институција, а државата е сопственик на акции на Телеком).

Пред да се донесе пресудата, на последното рочиште, Основниот суд го прифаќа вештачењето од Националната Групација  и ги одбива последните приговори на Телеком.  Сепак останува нејасно како во конечната пресуда Основниот суд го зел предвид само вештачењето од Правниот факултет и пресудата гласи дека износот е нереален, а штетата е необјективна. Со ова Основниот суд не само што го игнорира вештачењето кое самостојно го нарачал туку и  ја побил пресудата на Вишиот Управен Суд  кој утврдил дека виновник за истиснувањето на ФокусНет е токму Телеком. Одлуката на Вишиот Управен Суд има сила на законско решение според правните стандарди во нашиот правен систем.

ФокусНет на оваа одлука на Основниот Суд  се жали до Апелацискиот Суд  Скопје. Според последните информации Апелацискиот суд донел пресуда во која се почитува законот и правниот процес, но истата не е доставена до ФокусНет. Дека конечната одлука не е испратена потврдува и одговорот на Апелацискиот Суд во кој се вели дека новата пресуда е испратена до Основниот Суд и дека оттаму треба да ја испратат до ФокусНет.

-Во врска со вашето прашање зошто одлука на Апелациониот суд Скопје не е доставена до ФокусНет, Ве информираме, дека по завршување на жалбена постапка, второстепениот суд го враќа предметот на судот од понизок степен со потребен број примероци од донесената одлука за странките и за судот од понизок степен, во чија надлежност е доставата на второстепената одлука, како е постапено и во конкретниот случај. Согласно евиденцијата на Судот, предметот каде како странка се јавува правното лице на кое се однесува прашањето, со сите списи е вратен на првостепениот суд на негово постапување- достава на одлуката на Апелациониот суд Скопје.

Ваквите „судски празни чекори“  даваат сомнеж за можни интервенции надвор од сите познати правни процедури и кршење на стандардите –  еднаш донесена одлука може да ја преиначи само повисока судска инстанца. Ќе се оствари ли максимата која владее меѓу граѓаните  „сѐ е можно во нашето судство“? Сепак, одлуката на Апелацискиот суд да донесе пресуда (а не да го враќа на Основниот суд на повторно разгледување) по овој предмет е голема победа на законот над разните влијанија врз судските инстанци кои го следат овој предмет.

Овој предмет е вистинската слика за состојбите во нашето судство каде правните аргументи не се важни туку нивната литературна или колоквијална интерпретација. Сето ова во зависност од актуелните политички чинители или други центри на финансиска моќ кои остануваат недопирливи. Овој предмет е пример како ја користат својата монополска моќ на пазарот и во политиката. Економистите добро знаат дека нема напредок во економијата ако се сопре конкурентност и натпреварот на пазарот. Правосудните органи со ова прават директна штета на пазарот од кој зависи стандардот на граѓаните и буџетската стабилност на државата. Судството своите средства ги црпи од буџетот ама изгледа сите судии не живеат само од средствата од буџетот.


Текстот е личен став на Авторот. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ