• Latest

Судскиот совет гради механизми за спречување на корупцијата во судството, формирана посебна антикорупциска комисија

December 9, 2021

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Судскиот совет гради механизми за спречување на корупцијата во судството, формирана посебна антикорупциска комисија

December 9, 2021 12:01
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден за борба против корупцијата е уште еден повод Судскиот совет да ги повика граѓаните кои имаат сознанија и информации за случаи на корупција во судството да ги пријават. За да може да се остварат стремежите за некорумпирано судство кои произлегуваат од реформите неопходна е соработка на институциите со граѓаните, наведува Судскиот совет во соопштение по повод Меѓународниот ден за борба против корупција.

– Судскиот совет изразува подготвеност да им излезе во пресрет на сите кои се соочиле со случај на корупција во судовите и затоа ги охрабрува граѓаните наместо да станат дел од коруптивно однесување да ги пријавуваат оние за кои имаат сознанија дека личните финансиски интереси ги ставаат пред законите и правдата, стои во соопштението на Советот.

Советот потсетува дека пред неколку месеци формираше посебна комисија за борба против корупцијата со обврска да ги анализира пријавите за корупција во судството за да утврди дали информациите и податоците на пријавувачите се веродостојни.

Судскиот совет преку спроведувањето реформи во судството настојува да изгради механизми за спречување на корупцијата и заштита на човековите права. Во тек е процес на целосна дигитализација на судскиот систем со што ќе се олесни комуникацијата на граѓаните со институциите, но дигитализацијата ќе овозможи и полесен увид во работата на судиите со што тие ќе бидат потранспарентни, а тоа ќе значи нивно независно и објективно одлучување и помала склоност кон корупција, додаваат оттаму.

Понатаму се наведува дека Судскиот совет усвои Методологија за квалитативно оценување на судиите, како и Методологија за сложеност на судски предмети. Со нивната примена ќе може да се прави пошироко, подиректно и поверодостојно оценување на работата на судиите што ќе придонесе за нивно поодговорно постапување, како и носење пресуди исклучиво врз докази. Континуираниот мониторинг ќе ги намали ризиците од корупција.

– Практично, крајната цел на системот кој сака да го воспостави Судскиот совет, преку дигитализацијата, преку надградбата на АКМИС-от, преку новите методологии за оценување и за утврдување сложеност на предмети, е да имаме ажурно судство со испорачување на брза и ефикасна правда. Тоа ќе ја врати довербата на граѓаните во судскиот систем и ќе придонесе кон искоренување на корупцијата, наведува Судскиот совет.

Со последните измени во Законот за судски совет преку кои се отвори можност секој да покрене иницијатива за утврдување одговорност за несовесно и нестручно постапување на судија, целосно се сменија бројките со поднесени барања. Ако во изминатите години Судскиот совет имаше само по неколку барања годишно, годинава има 50-тина иницијативи за испитување одговорност кај судии. И ова е дел од инструментите кои Судскиот совет ги користи во борбата против корупција. Свесни дека корупцијата е општествена појава која тешко се сузбива ние нема да се откажеме од континуираната борба со намера да создадеме чесни судии кои ќе им служат на граѓаните и на кои правдата секогаш ќе им биде пред корупцијата, стои во соопштението на Судскиот совет по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ