• Latest

Судскиот совет на итна седница ќе расправа за случајот „Таргет – тврдина“

December 19, 2022

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судскиот совет на итна седница ќе расправа за случајот „Таргет – тврдина“

December 19, 2022 09:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе расправа по изнесените информации во јавноста за постапувањето на Апелациониот суд Скопје по предметот познат како „Таргет-Тврдина“, како и по други премети од интерес за јавноста кои се на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во врска со одлуката на Апелациот суд Скопје со која беше укината првостепената пресуда и предметот „Таргет – Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување, го врати на повторно постапување, викендов во писмена изјава до медиумите најави дека денеска во рамки на нејзините овластувања веднаш ќе преземе дејствија, а Судскиот совет согласно своите надлежности, ќе го испита конкретниот случај и за преземените дејствија и за констатираната фактичка состојба ќе ја информира јавноста.

-Со оглед дека вчера дознав од медиумите за конкретниот случај, во понеделник во рамки на моите овластувања веднаш ќе преземам дејствија, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ќе го испита конкретниот случај и за преземените дејствија и констатираната фактичка состојба ќе бидете навремено известени. Укажувам дека Судскиот совет нема надлежност да преиспитува, односно да оценува судска одлука, но има надлежност да ја констатира состојбата за текот на постапката во смисла на ажурно постапување и дали одлуката била донесена од страна на судија на кој му престанал мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија, вели во писмената изјава Дамева.

Премиерот Димитар Ковачевски како и многумина други изрази разочарување во однос на овој судски случај, што, како што кажа, само ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем мерено според истражувањата на јавните мислења. При тоа подвлече дека како Влада ниту се мешале, ниту ќе се мешаат во судската власт, односно во судството со оглед дека судството и правосудството не се место за политичка борба и политички натпревар.

-На правосудниот систем е, кој е независна власт од Владата, низ една транспаретна постапка да ги објасни на граѓаните одлуките кои ги носат и дополнително да работи на унапредување на своето работење, а со цел да ја зголеми довербата кај граѓаните и да обезбеди фер услови за сите граѓани да бидат во државата еднакви пред Уставот, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со одлуките на Апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“ и реакцииите во јавноста.

Претседателот Стево Пендаровски изрази шокираност од одлуката на Апелацискиот суд да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, во која поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор.

-Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи.
Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата, објави на официјалниот фејсбук профил претседателот Пендаровски.

Одбраната на Сашо Мијалков, пак, ја поздрави одлуката на Апелациониот суд во Скопје оценувајќи ја како законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда.

-Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува “загриженост” или “згрозување” од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена, се наведува во соопштението од правниот застапник на Мијалков.

Апелациониот суд Скопје, во петокот, ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“, и ја укина првостепената пресуда, а предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. Во образложението на Апелацискиот суд стои дека при разгледување на пресудата констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер.

За случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица. На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Tags: КовачевскиМијалковсудењеТаргет - Тврдина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ