• Latest

Судското рочиште за пожарот во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 лица е одложено по четврти пат

January 16, 2025

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судското рочиште за пожарот во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 лица е одложено по четврти пат

January 16, 2025 15:32
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Четврти пат по ред се одлага судското рочиште за повторното судење за случајот за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 лица. Причина за одлагањето беше отсуството на судијата по основ на боледување, пишува Порталб.мк.

Следното рочиште е закажано на 18 март во 10:00 часот.

„За жал, завршувањето на судскиот процес се одолговлекува, моја желба е што поскоро да заврши, и правдата да го каже последниот збор. Од овој суд очекуваме да ги земе предвид препораките и одлуките на повисокиот суд“, рече еден од обвинетите во овој случај, поранешниот медицински директор на тетовската болница, Флорин Бесими.

Предметот е ставен на повторно судење откако Апелациониот суд Гостивар го врати предметот во Основниот суд Тетово.

На 5 ноември 2024 година судското рочиште се одложи поради отсуството на судијата Јордан Велковски.

На 25 септември 2024 година судското рочиште не се одржа поради отсуството на адвокатот на еден од обвинетите.

На 26 јуни 2024 година судското рочиште се одложи поради отсуството на претставниците на Клиничката болница во Тетово.

Зошто дојде до повторно судење?

По првото судење во тетовскиот суд кое заврши во јуни 2023 година, на кое на обвинителна клупа беа поранешниот медицински директор на тетовската болница и поранешниот економски директор, лекарот одговорен за „Ковид“ центарот и тетовската болница, Апелациониот суд во Гостивар во мај 2024  година одлучи да ја врати од почеток постапката против директорите, бидејќи првата пресуда била нејасна.

Обвинителството побара да на директорите им се изречат построги казни, а ослободителната пресуда за докторот да се поништи и случајот да се врати на повторно судење.

На повторно судење се враќа дел од случајот против двајцата поранешни директори на тетовската болница. А ослободителната пресуда за лекарот Бобан Вучевски ја потврди и Апелациониот суд во Гостивар.

Од Апелациониот суд во нивната пресуда нагласиле дека тетовскиот суд „не постапил со должно внимание за да може веродостојно да ги утврди сите релевантни правни факти“.

„Пресудата е нејасна, неразбирлива и несоодветна за разгледување“, се вели во пресудата на Апелацискиот суд.

Првото судење, не за причините за пожарот

За пожарот во модуларната болница имаше еден долг судски процес со неколку рочишта, но никој не се повика на одговорност за причините за пожарот, туку за други кривични дела.

Поранешниот медицински директор на тетовската болница и поранешниот економски директор беа казнети со условна казна затвор од 1 година и 6 месеци, што значи дека нема да ја отслужат доколку во рок од 3 години не сторат ново кривично дело. Лекарот одговорен за „Ковид“ центарот беше ослободен од обвиненијата. Во меѓувреме, тетовската болница доби казна од 1 милион денари.

На директорите им се изрече казна од прв степен затоа што во модуларната болница немало противпожарни апарати, а докторот бил ослободен од одговорност бидејќи во болницата за Ковид-19 дозволил да влезат лица од надвор.

Порталб.мк континуирано известуваше за неподнесувањето на одговорност за причините за пожарот.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција ништо ново

Сè уште нема одлука од Јавното обвинителство за втората истрага што се води за пожарот во модуларната болница и покрај тоа што помина повеќе од една година откако во август 2023 година изјавија дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага за оваа трагедија. Според Обвинителството, овој предмет е во фаза на пред донесување на одлуката. Во меѓувреме, во декември 2024 година од Обвинителството соопштија дека сè уште не успеале да ја обезбедат дополнителната документација.

Документарецот на IRL ги извади на површина „нечистотиите“

Документарниот филм „Убиство во Тетово“, кој ИРЛ го објави во август 2023 година, укажува на низа пропусти при изградбата на модуларната болница што доведоа до пожарот, иако властите се обидоа да го опишат како несреќен случај предизвикан од спој во продолжниот кабел.

Пропусти се констатирани и во техничката спецификација, во изградбата, но и во истрагата. Наместо како објект, болницата е евидентирана како урбана опрема, за што нема потреба да се почитува законот за градба.

Бројни протести за правда

Затоа што правдата е незадоволена во овој случај и по документарниот филм на ИРЛ, членови на семејствата и граѓаните организираа неколку протести.

На овие протести беше побарано отворање на судски процес за причините за пожарот, преиспитување на одлуките од прелиминарната истрага на Судот во Тетово.

Членовите на семејствата посочија дека ако случајот заврши на овој начин, тие ќе се обратат и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Што се случи?

На 08.09.2021 година, во тетовската модуларна болница каде што се лекуваа пациенти со Ковид-19 избувна страшен пожар и со себе однесе 14 животи, на пациенти но и на членови на семејствата кои беа внатре. Уште 14 лица беа спасени пред зградата целосно да изгори.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ