• Latest

Султани и лордови ако завршивте со бајките, вратете се на работа!

January 18, 2018

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Султани и лордови ако завршивте со бајките, вратете се на работа!

January 18, 2018 15:48
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Јас го разбирам светот како поле за натпревар помеѓу ромските политичари, коишто се натпреваруваат кој ќе направи пограндиозен, пораскошен, поспектакуларен… „Ромски бал“!

Пишува: Дехран Муратов

Додека во државата се одвиваат сериозни реформи и дебати за: Законот за употреба на јазиците, преговори за решавање на спорот на името со Грција, реформи во образованието, судски процеси на СЈО, протести за чист воздух, сиромаштија, проблеми со извршители…, ромските политичари се зафатени со организирање на балови, оти нели, тоа им е примарна цел, за тоа се избрани!

Речиси сите лидери на политичките партии си организирале „традиционални ромски балови“, остана уште ромските невладини организации да направат „мини балови“, (ако сѐ уште останаа невладини, оти скоро сите станаа владини, но, за тоа во некоја друга прилика).

На стиховите „робиња не љуби ко дама“… од песната „Хурем“ на Северина, е првото нешто што ми падна на памет, кога видов какво сценарио имаше на „Ромскиот бал“ на лидерот на СРМ, Амди Бајрам, во кој се претстави како некој голем султан на кој сите му се поклонуваат и му бакнуваат рака.

Оваа година имаше силна конкуренција, а Амди не би бил единствен ако не смисли нешто оригинално.

По балот на Амди, следуваше балот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Во една емисија тој вели: „Оваа година ќе има ограничен број на гости на балот и веќе се продадени сите карти. Единствено ќе направиме исклучок за одредени гости кои што нема да може да ги одбиеме“…

Еден хоџа во една прилика ми вели „Никогаш немој да заборавиш дека си никој и ништо, за што си тука во овој свет и која е твојата цел“!

„Еден сиромашен човек (верник), отишол на еден раскошен бал. Стражарите на врата го застанаа и не му дозволија да влезе, бидејќи не е од царско, лордско, султанско потекло. Во тој момент сиромавиот им вели – вие не знаете со кого зборувате! Стражарите го прашуваат – да не си везир? Не вели јас сум поголем од везир. Да не си царот? Не јас сум поголем и од царот. Стражарите му велат, поголем од царот е само Бог/Алах. Човекот извикува, не, јас сум поголем и од Господ. Стражарите зачудени му велат па тогаш ти си никој, ти си ништо… Е, дури сега погодивте. Јас сум никој и ништо вели човекот и си замина“, оваа приказна ми ја раскажа имамот.

Денес сите сакаат да се истакнат и да бидат некој и нешто. Макар и лажни султани, лордови, принцези… Веројатно е убаво да се живее во бајка, но, време е ромските политичари да се вратат во реалноста и да почнат да работат тоа за што се избрани. Да им овозможат поубав живот на сите Роми (не само на одредени).

Јас инаку секојдневно учествувам и сум „посебен“ гостин на бесплатни „ромски (сиромашни) балови“ на група мали ромчиња кои свират и пеат на „Камен мост“, плоштад „Македонија“, „Стара скопска чаршија“…Па, повелете, дојдете на нивниот бал. Ако не ви студи!

Tags: Амди бајрамКурто ДудушпринцезиРомски балсултани
Share161Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ