• Latest
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба

Светот може да направи повеќе за да ѝ помогне на Украина

March 9, 2022

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Светот може да направи повеќе за да ѝ помогне на Украина

March 9, 2022 09:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба

Share on FacebookShare on Twitter

ДМИТРО КУЛЕБА 

Со децении, светските лидери ги наведнуваа главите пред воените споменици во Европа и свечено кажуваа: „Никогаш повеќе“. Време е да докажеме дека тоа не беа празни зборови. Русија почна војна на омраза и агресија во Европа. Историјата подоцна ќе процени како секој од нас се спротивставил на злото во ова време. Убеден сум дека ќе го положиме овој испит, но која ќе биде цената?

Несомнено, во претходните децении, споредбите со Хитлер и нацизмот беа премногу често правени и донекаде ја изгубија својата вредност. Но, сега Претседателот на Руската Федерација продолжува да ги бомбардира нашите градови и нашиот народ, да убива цивили. Оваа инвазија несомнено ги повторува акциите на Хитлер и Сталин. Кијив и другите украински градови последен пат доживеале ваква брутална воена агресија рано наутро на 22 јуни 1941 година, кога Хитлер започнал инвазија на Советскиот Сојуз, операцијата „Барбароса“.

Во неговите говори пред и за време на инвазијата, Путин не ја воздржа својата омраза кон Украинците и нашето право да постоиме во нашата сопствена суверена држава. Руските граѓани и војници со години ги трујат со токсична пропаганда која ги клевети Украинците како „неонацисти“ и стравуваме дека се уште не се знае целосниот обем на ужасите што тие се способни да ги направат.

Два дена по почетокот на инвазијата, во еден од руските државни медиуми се појави статија во која предвремено се прогласи заземањето на Украина од страна на Русија и „специјалната операција“ во Украина отворено се нарече „решение на украинското прашање“. Статијата подоцна беше отстранета, но во архивите на Интернетот сè е зачувано.

Зборовите „решение на украинското прашање“ треба да ги исплашат сите. Ако ова не е повторување на историјата, тогаш што е?

Се разбира, секое зло настанало под свои посебни околности. Но, сега едноставно е невозможно да не се види варварскиот обид за прекројување на границите со употреба на брутална сила, уништување на националниот идентитет, лишување на правото на народот на самоопределување и сето тоа заради целосна неподготвеност за компромис.

Појавата на Хитлер и неговата последователна агресија станаа возможни поради неможноста да се спротивстави на ова зло од самиот почеток. Подоцна, крокодилот ги проголта мировниците еден по еден. Мораше да се плати ужасна цена за запирање на неговите глобални амбиции. Не можеме да ги повториме грешките направени пред осум децении.

„Никогаш повеќе“ значи да се дејствува пред да биде предоцна. „Никогаш повеќе“ значи запирање на агресорот додека не предизвика уште повеќе смрт и уништување. „Никогаш повеќе“ значи дека стравот не треба да ги парализира нашите постапки.

Народот на Украина и нашите Вооружени Сили се посветени на овие принципи. Тоа го докажуваат со сопственото херојство и издржливост, невидени од времето на минатата светска војна. Украина ќе победи. Светлината ќе ја победи темнината, изјави Претседателот на Украина Володимир Зеленски. Украина веќе го скрши блицкригот на Путин, им нанесе катастрофални загуби на напаѓачите и ја спречи Русија да ги оствари стратешките цели на инвазијата. Ние издржуваме.

Но, потребна ни е поголема поддршка. Потребни се построги санкции против Русија за да и се одземат ресурсите за понатамошна инвазија; Украина мора да добие континуиран проток на неопходното оружје; ни треба поголема финансиска поддршка за да им помогнеме на нашите цивили и да ја обновиме нашата земја.

Ние навистина ја гледаме и чувствуваме солидарноста на светот. Благодарни сме за неа. Гледаме дека светот му се восхитува на нашиот народ, на нашата армија, на нашиот Претседател и тоа не исполнува со гордост. Но, за да се запре Путин потребни се решителни и итни чекори. Ни требаат борбени авиони. Ни треба ефикасна противвоздушна и противракетна одбрана. Ни треба заштита на нашето небо за да го запреме убивањето на цивили од руски авиони и ракети.

На фронтот на санкциите, бараме исклучување на рускиот „Сбербанк“ од системот SWIFT, бараме земјите да престанат да купуваат руска нафта, која сега е извалкана со украинска крв, бараме да им се забрани на руските бродови да влегуваат во светските пристаништа, бараме замрзнување на тврда валута на руските финансиски институции во САД, Швајцарија, Јапонија, Велика Британија и ЕУ.

Русија и Путин мора да бидат целосно изолирани од светот. Руските амбасадори и претставници треба да бидат протерани од меѓународните организации. Бојкотите и забраните за културни и спортски настани треба дополнително да се прошируваат.

Некои чекори се веќе преземени. Како министер за надворешни работи на Украина, јас сум длабоко трогнат од милионите луѓе кои излегоа на улиците на нивните главни градови да протестираат против руската инвазија и да извршат притисок врз нивните влади, приморувајќи ги да преземат итни дејствија.

Истовремено, за да ја запреме Русија, можеме и мораме да направиме многу повеќе. Нема време за чекање или сомневање. Време е да се направи колективен тест за човечност. Зборовите „Никогаш повеќе“ треба да бидат поттик за мобилизација и повик за дејствување, а не свечено, но празно ветување. Време е да се докаже дека 21-от век се разликува од 20-от.

Авторска статија на украинскиот министер Дмитро Кулеба за Вашингтон пост

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ